(Видео) Гласови пристигнувале во камиони, а вмешани биле и странски пари, адвокатите на Трамп со докази за изборната кражба

Тимот на адвокати на актуелниот американски претседател Доналд Трамп на вчерашната конференција обелоденија докази за изборната кражба која ја направиле демократите на изминатите избори, пишува српски Курир.

Трамп претходно изјави дека е ограбен на изборите во Детроит, и дека негоиот тим на адвокати поднеле тужба. Во обраќањето на адвокатот Руди Џулијани, поранешниот градоначалник на Њујорк, тој посочи докази за изборната кражба.

„Во изборната ноќ, претседателот Трамп водеше во Пенсилванија и на крајот изгуби. Тоа е речиси статистички невозможно, па започнавме истрага. Брзо се испостави дека моделот на кражба е ист во повеќе држави. Речиси секо користел истиот модел на измама со гласачите“, изјави Џулијани.

Адвокатите на Трамп велат дека се фокусирале на големит градови, каде според зборовите на Џулијани, измамата со гласачите била зачестена.

„Единствено што ме изненади е Филаделфија, каде немало изборна измама, затоа што таму се краде веќе 60 години. Детроит е ист. Сите тие се демократски градови. Тие ги контролираат изборите, полицијата и имаат пријатели судии кои носат нерационални пресуди“, вели Џулијани.

Тој исто таа посочи дека победата на Бајден не е победа, туку измама.

„Измамите се посебно подложни на гласови кои пристигнуваат преку пошта“, вели тој.

Џулијани во својот говор посочи дека демократите имале добар план, но дека републиканците ги фатиле.

„Сите земји, па дури и Танзанија, се места кои имаат одличен систем за испраќање на гласови преку пошта“, изјави Џулијани, кој потоа опиша како гласовите биле испратени.

Тој вели дека набљудувачите во САД, не можеле да го гледаат броењето на гласовите стигнати преку пошта и објасни дека многумина можеле да гласаат за Мики маус, истата личност и по трипати или да не гласаат за никого.

Тој исто така изјави дека броењето во Џорџија нема да даде никаков резултат, затоа што неважечките гласови повторно ќе се пребројуваат.

Во Пенсилванија има преку 6000 неважечки гласачки ливчиња, вели тој. Џулијани вели дек Пенсилванија не е единствената во која се случувала измамата, туку дека измамата се одвивала во сите држави и дека за тоа се виновни демократите.

„Измамата е лесно да се докаже. Постојат стотина сведоци. Можеби илјадници“, изјавил тој и објаснил дека кадарот на Трамп има докази дека набљудувачите не можеле да го гледаат пребројувањето на гласовите и дека за тоа имаат 50 до 60 сведоци.

„Предноста на Трамп би можела да дојде само од гласовите кои стигнале преку пошта“, изјавил Џулијани.

Адвокатот изјави дека ќе разговараат и за состојбата во Мичиген, каде и за тој дел постојат докази дека се случила изборна измама.

„Американците имаат право да ја знаат вистината“, изјавил тој пред новинарите, додавајќи дека тие немаат право да им ги ускратат информациите на граѓаните.

„Тоа што се случува во земјата е ужасно, а вашата цензура ги влошува работите“, изјавил Џулијани.

Тој додал и дека Џеси Џејкоб, веќе со децении е вработена во Мичиген и дека била распоредена како набљудувач во Детроит.

„Всушност ја обучиле да мами. Таа изјавила дека ја обучиле да го промени датумот на гласањето преку пошта. Тоа го кажа овој граѓанин кој е под заклетва. Можеби нема да можете да кажете дека таа лаже, но не можете да кажете дека нема докази“, изјави Џулијани.

„Нејзе ја обучиле да ги следи луѓето кои гласаа и да ги упати за кого да гласаат. Таа за тоа ќе сведочи. Демократите тоа го направија во корумпираните држави, каде знаеле дека тоа ќе им помине“, дополнил Џулијани, кој објасни дека штабот на Трамп, не завршил со тужбите.

„Имаме уште стотина вакви сведоци“, вели Џулијани, кој додал дека гласовите во Мичиген пристигнувале со камиони. Тој додава дека луѓето одговорни за кампањата на Трамп во Џорџија, ќе поднесат и тужби.

Тоа веројатно ќе се случи и во Вирџинија, Ново Мексико, а можеби и во Висконсин.

„Не смееме да дозволиме овие крадци да ни ги покрадат изборите. Американците го избраа Трамп, а не Бајден. Бајден води поради лажни гласови. Дајте ни шанса да го докажеме тоа на суд“, изјавил Џулијани.

На сцена пред новинарите излезе и тим на адвокати кои тврдат дека откриле комунистички пари од Венецуела, кои влијаеле на исходот на американските избори.

Адвокатите велат дека победата на Бајден, е финансирана од Чавез со испраќање на пари за плаќање на софтвер, кој украл дел од гласовите на Трамп и ги пренел на контото на Бајден. Адвокатите велат дека Чавез истото тоа го направил и во Венецуела.

 

 

 

 

Извор/Курир.рс

Scroll to Top