(Видео) Лукашеко е притиснат од сите страни, бара спас во Путин

Белорускиот претседател Александар Лукашенко, кој е на власт 26 години и кој, како што пренесува Си-ен-ен, е последниот европски диктатор, вчера одби да ги повтори изборите во својата земја, за кои многумина сметаат дека се наместени.

Притиснат од сите страни, тој сега се сврте да бара помош од својот пријател и колега рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Си-ен-ен.

Од една страна Лукашенко е притиснат од протестите и осудите од меѓународната заедница, а истовремено се соочува и со понудата на странско посредување, која ја одбил.

Лукашенко викендов двапати разговарал со Путин. Потоа преку соопштение од неговиот кабинет посочиле дека сите проблеми во земјата наскоро ќе бидат решени. Русија му порачала на Лукашенко дека е подготвена да му понуди и воена помош, ако тоа е неопходно, велат од Кремљ.

Лукашенко кој досега во повеќе наврати ја одбивал понудената интегративна помош од Русија и нивниот Сојуз, сега се согласил да одржува редовни контакти со Путин на разни нивоа, се со цел да ги засили сојузничките односи.

Како што пренесува Си-ен-ен, Лукашенко кој досега инсистирал на автономија на Белорусија, сега се откажал од своето хаотично додворување на Европската унија и директно се свртел кон источниот сосед, за да се извлече од проблемите.

Си-ен-ен анализира дека следниот потег треба да го направи Путин, а на рускиот претседал му остануваат само пет опции.

Прво Русија може да се реши на воена интервенција. Нуклеарната опција веднаш може да се исклучи, но, од друга страна Путин би можел да уфрли свои воени сили, како што тоа го направи во Украина, или пак може да испрати униформирани руски војници или полицајци, со што конечно би ја имал контролата над клучниот сосед. Белорусија му е од суштинска важност на Путин, поради регионалната безбедност, но и како тампон зона со НАТО силите во Полска.

Исто така обезбедува пристап до коридорот Сувалки, земјениот премин од Белорусија до Калинград, со кој Русија, како предупредува НАТО, би можела да ги одсече балтичките членки на алијансата, од остатокот на копнената Западна Европа.

Сепак ваквиот потег има свои ризици. Руските трупи би можеле да ги запалат антивладините протести и да се најдат пред „жените во бело“ и штрајкувачите од фабриките за трактори. Тоа нема да изгледа добро за рускиот режим на домашен терен, каде се повеќе им паѓа популарноста и периодично и самиот Лукашенко се соочува со протестите.

Исто така, оваа акција би можела да има послеици од типот на санкции кои би ги вовел Западот. Русите кои маршираат кон коридорот Сувалки, би го алармирале НАТО, пренесува „Си-ен-ен“. Тука е руската економија, која не би можела да поднесе дополнителен притисок. Накратко, оваа опција за Русија повлекува повеќе негативни последици отколку корист.

Втората опција на Кремљ е да ги размести своите шпиони, кои се специјализирани за гаснење на социјалните медиуми и таргетирани правни поединци, наместо да се насочи кон масата или на десидентите. Кремљ е мајстор за бавни игри и неочекувани потези.

Оваа тивка бруталност, придружена со постепен пад на ентузијазмот на демонстрантите, може да се покаже како најдобрата стратегија во наредните месеци, истакнува Си-Ен-Ен.

Трето, Русија може да го натера Лукашенко да се повлече. Овој потег би бил многу ризичен. Кремљ, суштински би ја засилил опозицијата во Белорусија, на чело со ривалката на изборите на Лукашенко, Светлана Тихановска, со надеж дека идната влада ќе сака да ги затопли односите со Москва.

Но, постои поголема криза во прашање. Путин не може да си дозволи да се шири пораката за моќта на народот. Исто така, во таков случај, секоја нова белоруска влада веројатно ќе се сврти кон Западот и ЕУ за помош. Последниот руски сосед што се сврте кон Запад беше Украина, која беше нападната од Кремљ.

Четврта опција во игра е нови избори, со уфрлање на руски кандидат. Пред повеќе од една деценија, ова можеби беше најомилената опција на Путин. Москва беше мајстор во создавање и наметнување на победата на својот посакуван кандидат на локалните избори, често технократи, кои на прв поглед, се појавуваа од никаде.

Новите избори би ги смириле протестите, а таквиот кандидат би можел да ги задоволи и белоруските безбедносни служби и елита. Сепак, правењето отстапка, како што се новите избори, би можело да ги охрабри демонстрантите на поголеми барања. Исто така демонстрантите би можеле да заклучат дека и тие избори се намести, што земјата би ја вратила во кризна состојба. И самиот Лукашенко, дефинитивно не е за нови избори.

Петтата опција која им останува на Путин и на Русија е едноставно промислено чекање. Опцијата е Русија да не прави ништо во наредниот период, недела или две и само да чека да се засилува притисокот на Лукашенко и ситуацијата да ескалира.

„Си-ен-ен“ пренесува дека поголемиот дел од протестите во земјата се смирија. Смирена и и бруталноста на полицијата, а модриците на демонстрантите полека избелдуваат.

Практичните грижи преовладуваат над идеологијата, кога населението со децении се соочува со корупција и репресивна влада. Светлана Тихановска, лидер на протестот, во моментов е во Литванија, така што како минува времето и толпата ги губи фокусот и мотивацијата. Со оглед на сериозноста на последиците од другите четири опции, ова може да биде прв избор на Путин, заклучува „Си-ен-ен“.

Scroll to Top