(Видео) Милошевиќ ги добивал потребните лекови пред да биде испорачан во ХАГ

На социјалните мрежи се појави видео од поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ како разговара со војник, пуши цигара и ги добива потребните лекови.

Ова видео е последно направено, пред неговото испорачување во ХАГ. На видеото Милошевиќ е облечен во костум и бела кошула пишуваат српските медиуми.

Милошевиќ со хеликоптер од Белград бил транспортиран до американската база „Игл“, (Орел), каде чекал воен авион да го пренесе во Хаг. Во име на Хашкото обвинителство во Белград, тој бил превземан од хашкиот истражител Кевин Кертис, кој летал со него во хеликоптерот до Тузла.

Снимата е направена во воената база во Тузла. Милошевиќ во еден момент бара кафе, а обвинителот му вели дека авионот веројатно ќе стигне пред кафето. На видеото се гледа дека Милошевиќ е смирен пред неговото заминување.

Во следниот кадар Милошевиќ седи на стол и прашува некој од присутните дали таму е дозволено пушење, на што добил негативен одговор.

„Докторот ни е достапен во секој момент. Ако ви треба вода ќе ви донесеме вода“, изјавил еден од војниците кој стоел покрај него.

Во следниот кадар Милошевиќ седи на стол, а пред него му биле донесени шише вода и лекови, кои биле од прегледале американските војници. Меѓу нив имало и бета-блокатори нитроглицерин, силозофрил, 12,5 милиграми хидро-хлородијазепам, а Милошевиќ добил и мастика за џвакање.

Екс претседателот додка се обидувал да ги прочита упатствата на лековите, побарал и други за висок притисок. Тој не сакал да биде сниман, па го прашал камерманот кој го снима видеото дали е неопходно да продолжи со снимањето.

 

Снимката завршува откако тој ќе излезе од чекалната. За потсетување тој беше уапсен пред 20 години во Белград по што беше испорачан во Хаг. Милошевиќ почина во март 2006 та година во затворската ќелија во затворот во Хаг, но без да биде осуден, бидејќи процесот против него за воени злосторства не беше завршен.

Scroll to Top