(Видео) Мистериозен монолит се појави во Турција

Надлежните органи во Турција го истражуваат мистериозниот монолит, кој неочекувано го открил еден локален земјоделец во провинцијата Санлиуфри, на југоистокот од земјата.

На монолитот е видлив натпис на турски јазик, на кој пишува „Погледни во небото, ќе ја видиш месечината“.

Мистериозниот предмет е висок околу три метри и е откриен недалеку од локацијата Гобекли Тепе, на која се наоѓаат мегалитски структури кои датираат од 10 век пред новата ера, повеќе од илјада години пред Стоунхенџ и кои се наоѓаат на листата на светски градини под заштита на УНЕСКО.

Полицијата ги прегледува снимките од безбедносните камери во пошироката околина, обидувајќи се да го идентификува возилото со кое можеби е пренесен овој монолит.

Минатата година мистериозни монолити се појавија во бројни земји и по извесно време истите исчезнуваа. Подоцна беше утврдено дека зад нив стои уметничка група. Дали и овој пат е така, ќе покаже истрагата, велат одговорните кои го водат целиот случај.

Scroll to Top