На социјалните мрежи се коментира откритието на еден од корисниците на „Гугл ерт“, кој во близина на брегот на Антарктикот открил замрзната структура која потсетува на вистински крузер.
Откритието иницирало лавина коментари за тоа што, всушност, се крие на заледениот континент – од тајни нацистички бази, мистериозни цивилизации до вонземјани.
Сликата е објавена на еден јутјуб-канал и веднаш предизвика внимание. Кога снимката била префрлена на 3Д-мод, не може да се негира дека објектот личи на голем брод.
„Јасно се забележува неговата линија. Должината на бродот е околу 120 метри и лежи далеку од брегот на Антаркиткот“, е наведено на каналот.
Поединци се убедени дека бродот завршил на оваа локација кога заглавил на местото за кое се смета дека потсетува на мистериозниот Бермудски Триаголник.
Други веруваат дека бродот е наследство на нацистите, кои на Антарктикот изградиле тајни бази по Втората светска војна.