(Видео) Најголемите нерешени мистерии на Бермудскиот триаголник

За многумина најмистериозното место на Земјата е Бермудскиот триаголник, зона во Атлантскиот Океан која се протега помеѓу Мајами-Бермудите-Порторико. Не се знае дали навистина нешто таму постои или сè се случува како резултат на човечка грешка. Но, се проценува дека во регионот околу Бермудскиот триаголник исчезнале повеќе од 140 бродови и авиони со повеќе од 1.000 луѓе, а повеќето од нив никогаш не биле најдени.

Застрашувачките приказни за овој предел постојат и денес, а почнуваат уште од времето на Кристофер Колумбо. Повеќето исчезнати бродови и авиони не се пронајдени, освен неколку остатоци на дното на Атлантскиот Океан, токму таму каде што биле пријавени за исчезнати.

Но, приказните за исчезнувањето на бродот USS Cyclops од 1918 година, авионот Douglas DC-3 од 1948 година, како и за бродот Ellen Austin, кој неколку пати налетувал на брод како талка по водите без екипаж, и денес се мистерија.

Кристофер Колумбо во својот бродски дневник запишал дека видел мистериозна светлина токму во водите на она што векови по неговата пловидба е наречено Бермудски триаголник.

Во продолжение, некои од најголемите мистерии на Бермудскиот триаголник.

Scroll to Top