„Астра Зенека“ е една од 25-те фармацевтски компании ширум светот која произведе и веќе тестира вакцини за милиони луѓе, обидувајќи се да го спречи ширењето на коронавирусот, но оттаму велат дека не прифаќаат никаква одговорност за евентуалните несакани ефекти.
Оваа фармацевска компанија, успеа да заработи најголем профит од нејзиното основање, откако нејзината пазарна вредност се искачи на 70 милијарди фунти. Тие од неодамна пријавија заработка од 12,6 милијарди долари, која ја оствариле во последните шест месеци.
И покрај ваквиот биланс, од оваа компанија не сакаат да ја прифатат одговорноста за несаканите ефекти, кои кандидатите за вакцинирање, можат да ги претрпат. Со други зборови, компанијата е целосно заштитена од потенцијални тужби, кои можат да дојдат од вакцинираните луѓе.
Правниот тим на компанијата побарал во договорите кои компанијата ги потпшала со земјите, каде планира да ги испорача своите вакцини, да стави клаузула за одговорност на компанијата.
Компанијата вели дека без таквите гаранции за надокнада, нема да сакаат да истражуваат и да произведат лек. Се чини дека повеќето држави се согласиле на таквото нивно барање.
Руд Добер, поранешен извршен директор на компанијата, за „Ројтерс“ изјавил ека во договорените е ставено барање за ослободување од одговорноста.
„Прифаќаме таквиот ризик да биде превземан од земјите на кои е испорачана вакцината, затоа што тоа е во нивен национален интерес“, изјавил Добер.
Тој одбил да ги спомене земјите, на кои компаниајта им ја испорачале вакцината иако станува збор за големи западни држави. Владата на Велика Британија ја подготви вакцината, купувајќи 250 милиони дози од разни оддленија.
Америка во меѓувреме е далеку пред нив. Тие имаат посебна правна рамка во која ниту една фармацевска компанија, е заштитена од тужби поради значајните нуспојави на вакцината.
Ова законодавство, познато како PREP Act, е резултат на големиот напор за лобирање од страна на американската фармацевска индустрија, а законот е уведен и покрај силното противење на потрошувачките групи.
Тоа значи дека ако вакцината не ве убие, или намерно не ви нанесе некаква повреда, вие не можете да ја тужите таа компанија.
Официјални високи претставници на ЕУ, неделава за „Ројтерс“ изјавиле дека, тие се во конфликт со производителите на вакцината, поради цената, роковите на плаќање и пред сè одговорноста.
Фактот дека никој не сака да биде преокупиран со одговорноста, е тешко за изненадување. Тие велат дека шефовите на големите фармацевски компании не примаат седумцифрени плати за да упаднат во некаква стапица.
Од една страна од нив се бара да се обезбеди вакцина за да се создаде имунитет против болеста, а истоврмено се бара одговорност за непосакуваните ефекти од истата.
„Ова е единствената сиуација кога ние, како компанија, единствено не можеме да го превземеме ризикот, ако на пример, се покаже дека вакцината за четири години ќе создаде непосакувани ефекти“, вели Добер.
Бидејќи постои виртуелна гаранција дека вакцината во главната програма на вакцинирањето ќе биде штетна за некои луѓе или дека би можела дури и да биде смртоносна за некои од нив, некои земји се основале на посебни јавни средства за плаќање на отштета за болните.
Светската здравствена организација го поддржува ваквиот модел на компензација, кој ќе биде финансиран од страна на даночните обврзници за сите поднесители на барања за вакцината.
САД имаат таков фонд, како и голем број на европски земји, вклучително и Велика Британија, Германија, Шведска и Италија. Ако сте загрижени поради вакцината, можеби би било корисно да побарате соодветен систем во вашата земја.
Едно е сигурно, кога станува збор за Ковид 19, приватниот капитал одлучил дека не сака да има никаква врска со долгорочните последици од вакцината.