(Видео) НАТО го уништи мегапроектот на Гадафи, кој можеше да ја направи Либија независна од увоз на храна и вода

 Северноатлантска организација НАТО го уништила сонот и мегапроектот на поранешниот либиски лидер Муамер Гадафи. Гадафи имал визија  својата земја да ја направи независна од увоз на храна и вода, а територијата да биде зелена како знамето Џамахирија.

Раководството на Либија знаело дека подземните езера во земјата, каде што водата е побарана од нафтата, претставуваат полн погодок. Властите објавиле дека ќе го изведат осмото светско чудо.

Целта било од подземните езера, преку цевки инсталирани под Сахара, водата да стигне до Триполи, Бегази, Сирта и другите места по должина на медитеранскиот брег, со можност за проширување и кон Чад, Нигер и Египет.

Освен што ќе го напојувал својот народ со вода, подземната река, според визијата на Гадафи, би требало да ја направи Либија  независна од увоз на храна и вода. Западните сили овој проект веднаш го нарекле „хоби на бесното куче и проект на суетата“.

Ова ремек инженерско дело и животен сон на Гадафи почнало да се реализира уште во 1984 година, кога полковникот положил камен-темелник во фабрика за изградба на цевки во градот Брега. Илјадници работници работеле на проектот на големата вештачка река.

Многу од нив пристигнувале и од поранешна Југославија. Во Либија оделе да работат инженери, работници, лекари, медицински персонал, градежници, механичари и други. Огромните зафати во Либија ги работеле „Енергоинвест“ и „Хидроградња“ и уште голем број фирми од просторот на поранешна СФРЈ.

Не била без причина воспоставена авинската линија Сараево – Белград – Триполи, и тоа два до три пати неделно. Во Белград било претставништвото на авиокомпанијата Libyan Airlines.

За првите десет години биле ископани 1.300 извори на длабочина од 500 метри. Првиот крак на реката со свежа вода, низ системот на цевки долги и по 2.800 километри, стигнал во Триполи во 1996 година.

Недолго потоа, свежа вода добивале во Бенгази, Сирт и останатите поголеми градови. Следната година земјоделците околу Бенгази почнале да добиваат субвенции и вода по поволна цена.

Либиската централна банка, која била 100% во сопственост на државата, ги финансирала градежните активности со бескаматни кредити. Гадафи продолжил да ја шири својата вештачка река низ цевките со пречник од 4 метири, кои спречувале водата да испари во пустината.

УНЕСКО во 1999 година го наградил Гадафи за неговиот проект „Големата вештачка река“,. Гадафи имал значаен научен придонес во наводнувањето на сите подрачја. Светската банка веднаш ја усвоила политиката за приватизација на изворот на водата и наплата по пазарна цена.

Таа варирала во рамки со законот за понуда и потрошувачка. Оддеднаш, големата вештачка река на Гадафи стана важен дел од загатката.

До 2011 година системот на Гадафи за големата вештача река се проширил на преку 4.000 километри подземна мрежа, преку која со плитка вода се снабдувале 70% од жителите на Либија.

Гадафи од тој момент, во својот проект, кој се сметал за најголемиот систем за наводнување на светот, вложил 30 милијарди долари.

Планот подразбирал последните две фази на „Големата вештачка река“ да бидат завршени до 2025 година, кога системот за наводнување би култивирал 155.000 хектари пустина. Либија тогаш би станала независна од увоз на храна и вода. Во изобилство на чиста вода и богати извори со најдобра нафта и стабилно земјоделска култура, Либија би станала независна од другите и би го засилила своето влијание во светот.

Големиот план за вештачката река Гадафи не успеал да го заврши поради едноставни околности. Тој беше убиен преку „хуманитарната интервенција“, од силните и стабилни западни европски држави. Од стабилна држава, тие Либија ја направија змијарник и место на страдања.

НАТО на 22 јули 2011 година почна со воздушните напади на Брега. Најинтензивните удари ги направи на фабриката во Брега, која произведуваше масовни бетонски цевки за системот на големата вештачка река и таа беше единствена во Либија.

Овој напад го уништи и виталниот дел од мрежата и предизвика хуманитарна катастрофа од огромни размери. По 2011 година, Либија влезе во хаос. На власт дојдоа две влади. Една со седиште во Триполи, која беше меѓународно призната, и другата во Бенгази, која не беше призната.

Таа во Бенгази го контролираше истокот од земјата. Тука се наоѓаа десетина разни милиции и паравоени формации кои контролираат некои од деловите во земјата. Проектот не беше продолжен, а и тоа што беше во краен процес не беше завршено.

Мрежата беше запустена и уништена, а меѓународно признатата влада на Либија немаше пари да го заврши овој проект. Таа немаше ниту контрола над територијата на која се наоѓаше голем дел од оваа мрежа.

Поради пустошот што владеше во Либија, преку нејзината територија минаа илјадници бегалци, кои од Африка побегнаа во Европа. Пред неколку години се појавија и снимки од робови во Либија. Токму Гадафи предупреди дека ако се уништи стабилна Либија, Европа ја чека поплава од мигранти.

Во март 2011 година, во интервју за телевизиската станица France 24, Гадафи предупреди дека без единствена и стабилна Либија, нема да има кој да ги контролира големиот број мигранти од Африка и Блискиот Исток, кои сакаат да побегнат во Европа.

„Милиони бегалци ги преплавија европските граници и дефинитивно ги изненадија западните политичари“, изјавил либискиот лидер Моамер Гадафи, неколку месеци пред да биде брутално погубен.

Гадафи во 2011 година: „Слушајте ме сега, вие луѓе од НАТО. Го бомбардирате ѕидот кој стои на патот на мигрантите од Африка кон Европа и терористите на Ал каеда. Тој ѕид е Либија. Вие го срушивте. Вие сте идиоти и ќе горите во пеколот, поради илјадниците мигранти од Африка и поради поддршката на Ал каеда. Тоа ќе биде така. Јас никогаш не лажам. Не лажам ни сега“, напишал Гадафи во отвореното писмо кое го објави рускиот дневен весник „Завтра“, во мај 2011 година, неколку месеци пред тој да биде убиен.

Scroll to Top