(Видео) Навални го обвини Путин дека има дворец на Црното Море од милијарда евра

By

Главниот опозициски критичар на Кремљ, Алексеј Навални, кој беше уапсен во неделата по враќањето од Берлин, тврди дека претседателот на Русија, Владимир Путин, има своја резиденција на Црното Море, со хокејски терен, кино, стриптиз-клуб, казино и подземна црква.

Тоа, како што тврди Навални, е дел од морето луксузни објекти што ги поседува Владимир Путин, пренесува „Дејли мејл“.

Навални тврди дека изградбата на резиденцијата чинела милијарда евра и дека се простира на површина од 7.000 хектари. Уапсениот блогер два часа пред апсењето на интернет објави фотографии од внатрешноста на објектот, а за само два часа собра три милиони клика.

Фотографиите може да се видат на интернет-страницата palace.navalny.com. Од Кремљ велат дека станува збор за апсурдна измама и дека Навални на овој начин сака да изнуди пари.

Извештаите и фотографиите за наводната раскошна палата на Путин се апсурдни, изјавил портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, наведувајќи дека ваквите измами се насочени кон извлекување пари од јавноста.

„Постојат некои необични броеви на крајот од овој чудесен извештај, како и молба за испраќање пари. Изгледа дека тоа е главната цел на овие публикации и лажни новинарски истраги“, нагласил Песков, а пренела агенцијата ТАСС.

Тој додал и ги замолил сите, по големиот број прегледи на страницата, двапати да размислат пред да им испраќаат пари на измамници. Песков нагласил дка Кремљ го забележал извештајот што го путшил блогерот на Антикорупцискиот фонд, Алексеј Навални.

„Долго време бевме свесни за нападите врз шефот на државата. Тоа се случувало и во минатото и, за жал, ќе се случува и во иднина. Рускиот претседател е обвинет за работи што не ги поседува, тој секоја година го пријавува својот имот и тие информации ѝ се достапни за јавноста“, изјавил Песков.

Ќе ви се допадне

Noblesse (https://kissanimeonline.com/m/JmKd) Episode 13 at website https://kissanimeonline.com. See more konosuba kissanime

Attack on Titan Season 3 Part 2 Episode 10 at website https://funimationfree.com funimation on switch