Експертот за заразни болести Мајкл Остерхолм, директор на Центарот за истражување и политика на зарзни болести на Универзитетот во Минесота, вели дека многу е веројатно, дека светот никогаш нема да се ослободи од новиот сој на коронавирусот.
„Никогаш нема да го искорениме овој вирус“, изјавил Остерхолм за емисијата Newsroom на „Си-ен-ен“, споредувајќи го коронавирусот со ХИВ. Тој објаснил дека вирусот најверојатно ќе можеме да го контролираме, но тој никогаш нема да исчезне во целост.
„Ова е за остатокот на целото човештво. Ова е вирус од кој никогаш нема да се ослободиме“, изјавил тој.
„Додека вистински не се заложиме за доведување на овој вирус на многу ниско ниво, нема да бидеме во можност да направиме многу, освен што ќе продолжиме со гасењето на овој бесен шумски пожар, на најдобар начин на кој можеме“, изјавил Мајкл.
Тој исто така изјавил дека, иако се постигнува голем напредок во развојот на вакцината против Ковид 19, тоа ќе биде само еден чекор.
„Мислам дека најдобро што можеме да се надеваме е вакцината, која би можела да ги заштити повеќето од нас неколку месеци, а можеби и години. Идното ниво на вакцини би требало повеќе да направи за нашиот имунолошки систем, отколку тој што го имаме сега. Но, тоа останува да го очекуваме во далечната иднина. Нема да има многу влијание на она што го имаме во моментов“, истакнал прочуениот амеркански епидемиолог.