(Видео) НЛО забележано на Антарктикот преку мапата на „Гугл“

Теоретичари на заговор тврдат дека забележале НЛО на Антарктикот преку мапата на „Гугл“. Таинствениот древен предмет бил откриен по топењето на ледот и снегот на Антарктикот.

Оваа слика предизвика голем број реакции и полемики на интернет и социјалните мрежи. Многумина тврдат дека овој предмет има вонземјанско потекло, додека за други станува збор за базен со вода.

Бизарниот објект во облик на диск е забележан на мапите на „Гугл“, а е пренесен преку каналот MrMBB333, кој го користат голем број теоретичари на загвор.

Видеото е означено под името „Топењето на ледот открива неоспорена 60-метарска широка плоча, заглавена на Антарктикот! Дрвен објект“ и истото е прегледано повеќе од 360.000 пати.

Сопственикот на Јутјуб каналот за теории на заговор го опишал овој бизарен објект, како интелегентно дизајнирана структура, која се проѕира од ледот на Антарктикот.

Прерметот бил измерен со ширина од 20 метри. Едната половина била видлива, додека другата се наоѓала под ледот и снегот. Јутјуберот напишал дека потеклото на овој предмет останува мистериозен.

„Не знаеме дали истиот е дизајниран од луѓето или станува збор за нешто друго. Не знаеме колку долго се наоѓа таму. Јасно може да се каже дека Антарктикот не е место за овој објект. Можете да го видите одразот кој ви дава идеја дека е направен од метал. Ова е едно од најдобрите места кои ги имам видено на Антарктикот. “, напишал тој.

Снимките од предметот биле опишани како чинија или диск и истите покренаа лавина на расправи за неговото потекло. Многумина претпоставуваат дека се работи за срушен вонземјански објект, а има и такви кои тврдат дека ова би можело да биде влез во некаква древна база или рушевина.

Некои се шегуваат дека овој предмет потсетува на сликi од хорор филмови, во кои вселенски објект се сокриени под ледот. Еден скептик тврдел дека станува збор само за обичен базен со вода, која се растопила во ледот.

 

Scroll to Top