(Видео) Обама потврди дека постои НЛО, но, не можел да говори јавно за тоа

Поранешниот американски претседател, Барак Обама, за време на гостувањето во емисијата на Џејмс Корден, The late Late Show, кажа дека постојат некои работи за вознемјаните, кои тој едноставно не можел да ги сподели со јавноста.

Тој не зборуваше за детали, но, откри дека кога стапил на функцијата за претседател во 2009 година, прашал дали постои некаква тајна лабораторија во која се кријат информации за вонземјани, за кои тој би требало да знае.

Во разговорот со водителот, Обама кажа: „Кога се во прашање вонземјани, некои работи едноставно не можам да ви ги кажам во програма“.

Потоа тој продолжи: „Кога дојдов во канцеларијата, прашав дали постои некаде некаква лабораторија во која држиме примероци на вонземјани и вселенски бродови. Тие малку истражуваа и ми одговорија дека не постоти такво нешто, но, она вистината е, сега ова го зборувам сериозно, дека постојат снимки и записи за објекти на небото за кои не знаеме точно што се. Не можеме да објасниме на кој начин се движеле и летале, не ни е јасно нивното патување и не можеме да го разбереме нивното однесување“, кажал Обама во емисијата.

Тој додал дека постојат луѓе кои сериозно ги истражуваат овие настани, но, за жал, тој немал што да пријави во врска со тоа.

Неговото открите следеше еден ден откако во јавноста се појави снимка за наводно НЛО, како прелетува покрај американскиот брод во близина на Сан Диего, а потоа исчезнува во морето.

И поранешниот поручник на американската морнарица, Рајан Грејвс, зборувал за своите наводни средби со мистериозни објекти, нагласувајќи дека заедно со другите пилоти од неговата борбена ескадрила, F/A-18, забележал чудни, неидентификувани објекти во воздушниот простор југоисточно од Вирџинија бич. Тој вели дека тоа се случувало секој ден во период од две години, почнувајќи од 2015 година.

(Видео) Поранешен американски полковник тврди дека видел НЛО, смета дека Русија и Кина стојат зад таквата напредна технологија

Scroll to Top