(Видео) Објавен таен извештај на британската влада, короната ќе направи помор во зима

Во извештајот на британската влада што ненамерно беше објавен во јавноста било прикажано најлошто разумно можно сценарио, кое вели дека коронавирусот ќе направи вистински помор во зимските месеци, пишуваат тамошните медиуми.

Во извештајот е наведен бројот на смртни случаи поради Ковид-19 во тој период. Пишува за бројка од 85.000 лица, кои би можеле да бидат потенцијални жртви на опасниот вирус, кој ќе ја погоди Британија во студениот зимски период.

Во извештајот јасно е нагласено дека станува збор за сценарио, а не предвидување. Научната советодавна група Sage подготвила извештај во кој стои и видеото од „Би-би-си њузнајт“, кое е направено со цел да им помогне на NHS и локалните власти да планираат однапред.

Во извештајот е наведено дека училиштата ќе бидат отворени, а следењето на вирусот, изолацијата и карантинот ќе бидат 40% ефикасни во спречувањето на ширењето на коронавирусот.

Исто така се наведува дека до ноември ќе бидат воспоставени мерки на политика за намалување на контактите меѓу домаќинствата на половина од нивното нормално ниво, пред март 2020 година.

Според извештајот, би можело да се очекува дека овие мерки ќе останат на сила до март 2021 година. Проекцијата ги зела предвид и луѓето за кои би се очекувало дека ќе умрат, затоа што имаат други болести.

Според извештајот во Ангија и Велс, поради Ковид би можело да има 81.000 повеќе смртни случаи, плус 27.000 повеќе од други причини. Во Шкотска може да има 2.600 директни смртни случаи од Ковид 19, а 1.900 во Северна Ирска.

Но, постојат критики, кои доаѓаат од професорот Карл Хенеган, од Универзитетот „Оксфорд“, кој вели дека некои од претпоставките изнесени во моделот се неверојатни и дека извештајот покажува дека ништо не сме научиле од првиот бран од оваа болест.

Најџел Едвардс, извршниот директор од истражувачкиот центар за здравје, „Нафилд Траст“, изјавил дека извештајот има „голем широк спектар“ на сценарија, кои на луѓето им предизвикуваат потешкотии во извршувањето на работите што треба да ги направат.

Како одговор на извештајот што излезе во петокот минатата недела, портпаролот на владата на Обединетото Кралство вели дека како одговорна влада, тие планирале да продолжат да се подготвуваат за широк спектар на сценарио, вклучувајќи го и разумно најлошото.

„Нашето планирање не е предвидување на едно сценарио. Ние како одговорна влада, мораме да се осигураме дека сме подготвени за сите можни сценарија“, изјавил тој.

 

Scroll to Top