(ВИДЕО) Огромна експлозија снимена на Месечината

By

Научниците на НАСА ја снимија, досега наголема експлозија која се случила на површината на Месечината, откако метеор со експлозивна сила од преку десет крстаречки ракети, го погоди земјиниот сателит оваа недела.

Според НАСА, катастрофалната експлозија која била видлива со голо око, наскоро би можела да се одрази и на Земјата, доколку има уште метеорски удари.

Ударот на парчињата карпи со брзина од 85.000 километри на час, кои не се поголеми од мало дете, претставуваат опасност по нашата планета.

Сличен удар на некој град на Земјата, би создал кратер длабок 20 метри, и разорна експлозија еднакво еквивалента од десет проектили од типот Tomahawk.

Експертите стравуваат дека бројот на загинати би се броел во илјадници.

За разлика од Месечината, Земјата има заштитна атмосфера што значи дека повеќето парчиња би изгореле пред да паднат на Земјата.

Но повеќето метеори, понекогаш и минуваат – како што беше примерот неодамна во Челјабинск во Русија, каде бевме сведоци на метеор кој влезе во атмосферата со дијаметар од 20 метри и брзина од 65.000 километри на час, и експлодираше со моќност од 33 атомски бомби фрлени на Хирошима.

За среќа, поради брзината и аголот на паѓање, астероидот експлодираше уште додека беше во воздух, но, 7200 згради беа оштетени, а 1500 лица беа сериозно повреди, по што мораше да им биде овозможена лекарска помош.

Портпаролот на научниот портал „Science.com“, изјави: „Во текот на изминатите осум години НАСА следеше експлозии на Месечината, предизвикани од метеори“.

„Токму сега е забележана најголемата експлозија во историјата на оваа програма“.

„Метеор експлодираше 10 пати посјајно отколку што некогаш сме виделе претходно. Секој кој ја гледал Месечината во моментот на сударот, можел да ја види експлозијата – без телескоп“.

Метеорот од Челјабинск е најголемиот познат природен објект кој влегол во Земјината атмосфера по Тунгуската катастрофа во 1908 година, во која метеорот уништи голем дел од шумата во многу ретко населено подрачје на Сибир.

НАСА толку била загрижена за можноста од падот на астероидот, кој веројатно би го прекинал животот на Земјата, по што почнала да дизајнира летала познати под името „Double Asteroid Redirection Test“ (DART), кој ќе се користи за пренасочување на патот на астероидот.

НАСА работи во соработка со Европската вселенска агенција (ЕSA) на леталото и се надевам дека ќе ги минат првите вселенски испитувања во текот до 2022 година, кога ќе се обидат да ги поместат „не-заканувачките“ астероиди.

Линдли Јохсон, службеничка од планетарната одбрана со седиште во НАСА во Вашингтон, изјави: „DART ќе биде првата задача на NASA, која ќе го покаже она што е познато како, „техника на кинетички судар“ – во кој леталото ќе се удри во астероидот и ќе се обиде да го помести неговиот правец на движење.

„Овој чекор е напредок на проектот кон еден поголем тест на „не-опасен“ мал астероид“.

 

Ќе ви се допадне