(Видео) Огромно цунами го уништил океанот на Марс

Научниците одамна претпоставуваат дека водата на Марс испарила заедно со поголемиот дел од нејзината атмосфера, кога магнетското поле на планетата исчезнало околу 400 години по нејзиното формирање. Но, новите истражувања покажуваат поинакви резултати. Астрогеолозите велат дека имаат докази дека голем астероид пред околу 3 милијарди години удрил во северниот дел на планетата, а тоа е причината што водата на Марс исчезнала. Астероидот, според нив, предизвикал цунами-бран со висина од околу 300 метри, кој со својот удар префрлил дел од почвата на јужниот дел на планетата.

Но, тие велат и дека водата на Марс се задржала подолго отколку што се претпоставува. Овие тврдења го пренесува „Популар механикс“

Според една теорија на научниците од Универзитетот Оксфорд од 2017 година, водата на Марс не испарила, туку почвата ја впила водата и на тој начин се создала површината на планетата каква што ја знаеме денес.

Постои и теорија според која во времето кога наводно постоел океанот на Марс, тој бил замрзнат, па затоа можноста за цунами била еднаква на нула.

Научниците велат дека ќе има нови геолошки истражувања и дека резултатите ќе се анализираат во 2020 година.

Scroll to Top