(Видео) Осама бин Ладен ѝ испратил порака на мајка му, ден пред 11 септември, за да ѝ каже дека нема да се видат и да ѝ навести дека нешто големо ќе се случи

Денеска се слави годишнина од случувањата на најголемиот терористички напад во светската историја, уништувањето на Кулите близначки. На 11 септември 2001 година, во Њујорк, два авиони се срушија во тогаш најголемиот светски трговски центар.

Оттогаш па до ден денес во јавноста се шпекулира со голем број теории на заговор, околу тоа што навистина се случило таму и кој стои зад целата таа работа. По нападот, одговорноста за истиот ја превзема еден од Осама бин Ладен, кој беше убиен од страна на американската војска.

Некои од медиумите сега открија дека ден пред да го изведе најголемиот терористички напад во Њујорк, тој ѝ испратил порака на својата мајка, навестувајќи што ќе се случи.

Осама бин Ладен по 11 септември, ја превзема одговорноста за рушењето на Кулите близначки, откако неговите луѓе киднапирале неколку авиони, а два од нив завршија во тогаш најголемиот светски трговски центар.

„Нешто големо ќе се случи“, ѝ напишал Осама бин Ладен на мајка му, на 10 септември 2001 година. Тој ја известил дека по тој ден можеби нивната комуникација ќе биде прекината на подолго време.

Осама бин Ладен е син на Мухамед бин Ладен и Сирија Алиа Ганем. Тие му го дале име на синот кое значело на арапски млад лав. Осама бин Ладен е роден на 10. март 1957 година и бил 17 по ред, од 52 деца кои ги добил Бин Ладен постариот. Мухамед низ годините имал 11 различни жени.

Тој завршил како најбогатиот градежен магнат во Саудиска Арабија и бил близок пријател на кралското семејство Сауд. Добивал голем број договори за изградба на основна инфраструктура во земјата, а потоа и за обнова на исламските светилишта, пренесува „Њузвик“.

Кога имал три години мајката на Осама се развела од Мухамед, а Осама бин Ладен бил одглдан од нејзиниот втор сопруг во Саудиска Арабија. Тој пораснал и се образувал главно во Џеди, каде им се приклучил на муслиманските браќа. Потоа заминал за Пакистан, а подоцна и Авганистан.

Таму престојува од 1979 година, по советската инвазија и се поврзува со голем број на исламски радикални интелектуалци. Неговата главна работа за време на советската окупација била да се грижи за авганистанските и арапските борци и бегалци.

Тој ги надгледувал млдаите луѓе од Саудиска Арабија и Заливските држави, кои пристигнувале во Авганистан да водат џихад. Во тој период немало контакти меѓу ЦИА и него. Тој главно се занимавал со владите на Пакистан и Саудиска Арабија.

Со повлекувањето на Советскиот сојуз во 1989 година, ЦИА исто така ја повлекува целата поддршка и тајните акции против Советите и не задржала никаков таен имот во земјата. За Осама бин Ладен се знаело многу малку, освен што бил еден од големиот број радикални финансиери.

Во 1993 година во рамки на ЦИА центарот за борба против тероризмот, се создава посебна единица под името Бин Ладен Стејшн, која се фокусра на развој на изветувачки податоци за финансиери. До 1998 гоаина, кога во август биле нападнати две афрички амбасади, ЦИА работела сама и со пријателски страни на известувачки служби, со цел да ја намали моќта и способноста на Осама бин Ланде и да го приведе.

Заедничката истрага на службите, заклучена по 11 септември, покажала дека во периодот меѓу 1996 и септември 2001 година, стратегијата за борбата против тероризмот, кој го усовила американската влада, не успеала да го елиминира Авганистан како засолниште и полигон за терористичката мрежа на Осама бин Ладен.

Низа инструменти биле користено за спротивставување на Ал Каеда, при што биле применети и закони кои често се појавувале како водечко орудие, затоа што се сметало дека другите средства не биле изводливи и не дале никакви резултати.

Иако биле генерирани бројни успешни кривични гонења, напорите за спроведување на законот не биле доволни за да се елиминира засолништето на Осама бин Ладен. САД продолжиле да го почитуваат владеењето на правото и да ги прифаќаат нормите за меѓународно однесување.

Но, Осама бин Ладен и Ал Каеда не признале никакви правила и успеале да се засолнат во Авганисан. И покрај известувачките податоци за нивото на закани во пролетта и летото 2001 година, во американската влада преовладувала претпоставката дека нападите на 11 септември не можеле да се случат. Како резултат на тоа, немало доволно напори за американската јавност се предупреди на реалноста и на тежината на заканата.

Scroll to Top