(Видео) По коронавирусот, климатските промени и биотероризмот се двете најголеми закани за човекот, смета Бил Гејтс

Американскиот милијардер и филантроп Бил Гејтс смета дека климатските промени и биотероризмот се двете најголеми закани по човештвото, по коронавирусот, за кои никој не сака да зборува.

Гејтс во интервју за јутјуб-каналот Veritasium зборувал за најголемите опасности за кои тој смета дека човештвото треба да се подготви во иднина.

„Една од нив се климатските промени. Секоја година ќе имаме поголем број смртни случаи отколку што имавме во оваа пандемија“, изјавил Гејтс.

Другата закана за која тој смета дека е исто така опасна е биотероризмот.

„Некој што сака да предизвика штета може да направи вирус, а тоа значи дека постои можност да бидеме заразени со него повеќе отколку во природно предизвикана епидемија како сегашната“, рече тој.

Милијардерот истакна дека во иднина ќе има повеќе пандемии, бидејќи луѓето се во интеракција со други видови, а вирусите ја преминуваат видната бариера. Тој спомена дека луѓето треба да бидат поподготвени за веќе никогаш да нема толкав број мртви како што има сега.

Scroll to Top