(Видео) Полицијата призна голем пропуст во случајот со убиената американска инфлуенсерка

Полицијата призна дека направила голема грешка во случајот со убиената американска инфлуенсерка Габи Петитио. Таа била убиена додека била на патување низ Америка со нејзиниот свршеник Брајан Лондри, кого полицијата го сметала за прв осомничен.

Откако семејството на Габи го пријавиле нејзиното исчезнување, Брајан се вратил дома сам. Полицијата го набљудувала цело време преку безбедносни камери, но во еден момент погрешиле и го помешале со неговата мајка Роберта.

Брајан и мајка му имале слични градби и носеле капи и двајцата, па затоа на полицијата им било тешко да го препознаат. Во моментите кога било пријавено исчезнувањето на Габи, тие не знаеле дека и Брајан е исчезнат. По подолга потрага, полицијата го нашла и него мртов.

Полициските службеници биле убедени дека на снимките го виделе Брајан како се враќа во својот дом кај родителите, неколку дена откако било пријавено исчезнувањето на Габи. Подоцна било утврдено дека на спорното видео се наоѓа неговата мајка Роберта.

Полицајците се правдале дека двајцата имале слични граби и затоа ги помешале. По овие информации, полицијата верува дека во времето на исчезнувањето на Габи, нејзиниот дечко Брајан исто така бил мртов.

Тод Гарисон, шефот на полициската станица во Норт Порт, рече дека е важно јавноста да биде упатена во новите резултати на истрагата.

„Како лидер на истражувачкиот тим, што можам јас да направам? Дали треба да ги премолчам новите информации до кои дојдовме? Не, граѓаните сакаат да бидеме транспаренти и искрени кон нив. Се случи грешка, тоа е точно, но јас како лидер, стојам зад мојот тим“, рече Гарисон.

Родителите на Брајан го пријавиле неговото исчезнување на 17 септември.

„Кога дојдовме во нивниот дом по пријавата на неговото исчезнување, верувавме дека ќе го пронајдеме Брајан како се крие во неговата спална соба. Се надевав дека тоа била негова тактика, но не беше така“, рече шефот на полицијата.

Претходно оваа недела е откриено дека службениците во одделението го помешале Брајан со Роберта. Тие рекле дека таа носела безбол капа на главата и дека го возела сивиот „мустанг“ на нејзиниот син. Тие верувале дека жената е Брајан.

Вистината е дека Брајан го напуштил својот дом уште на 12 септември. Според зборовите на адвокатот на неговото семејство, Стивен Бертолин, Брајан бил многу загрижен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gabby (@gabspetito)

Според портпаролот на полицијата, Лондри веќе бил мртов кога тие одржале конференција за медиумите. Портпаролот за грешката на полицијата ги обвини Роберта и нејзиниот сопруг, велејќи дека поради нивното одбивање да соработуваат со полицијата, им било тешко да го следат Брајан. Тие се правдале дека мајката и синот се слично градени.

Адвокатот на семејството ја обвини полицијата дека ја изгубиле трагата на Брајан во моментите кога требало да го надгледуваат.

„Се согласувам со портпаролот дека Брајан можеби веќе бил мртов кога полицијата сфатила дека му ја изгубиле трагата. Но, не можете да го обвините семејството само затоа што полицијата не знаела да си ја работи работата како што треба и не следела некого кого очигледно требало да го надгледува“, рече тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gabby (@gabspetito)

Scroll to Top