Поранешен полковник на американската морнарица Рајан Грејвс смета дека Кина или Русија стојат зад таканаречените НЛО-објекти, кои тој и други членови од неговата борбена единица ги забележале во 2015 година во воздушниот простор југоистично од Вирџинија Бич.
Тој за „Си-би њуз“ вели дека неидентификуваните објекти ги гледале речиси секој ден, во период од две години, почнувајќи од 2015 година. Војската, ваквите летала ги нарекла „неидентификуван воздушен феномен“, односно UAP.
Поручникот изјавил дека летечките објекти можат да бидат шпионски летала од Русија или Кина со екстремно напредна технологија.
„Замислете летала кои можат да се движат со брзина од 21.000 километри на час, кои можат да ги избегнат радарите и да летаат во воздух, вода, а можеби и вселената, а истовремено да нема очигледни знаци на погон, да немаат крила и да и пркосат на гравитацијата. Тоа е тоа што го гледаме“, изјавил Луис Елизондо, поранешниот официјален претставник на американското Министерство за одбрана, кои со години ги истражувал случаите со НЛО.
Останува прашањето дали се работи за напредни летала, произведени од човекот, или, пак, тоа се летечки објекти со вонземјанско потекло. Минатата година е забележан пораст на пријави на забележани НЛО во САД.
Њујорчани пријавиле 300 случаи, што е најголем број во историјата. Други тврдат дека се работи за непријателски летала кои собираат информации за САД. Во јуни пред конгресот ќе биде објавен извештајот за НЛО, кој би можел да даде одговори на некои прашања.