(Видео) Трамп откри кој стои зад наместените избори во САД

Американскиот претседател, Доналд Трамп, за првпат јавно призна дека неговиот демократски противкандидат Џо Бајден победи на претседателските избори што се одржаа на 3 ноември, но повторно ги изнесе своите тврдења дека овие избори беа наместени.

„Бајден победи затоа што изборите беа наместени“, напиша Трамп на „Твитер“.

Тој во одвоен твит наведе дека механичкиот застој што се случи за време на изборната ноќ настанал поради тоа што противниците биле фатени како ги крадат гласовите, не прецизирајќи притоа на кого мисли.

Но, Трамп за својот неуспех јавно ги обвини лажните и тивки медиуми.

Извор/Курир.рс

Scroll to Top