(Видео) Во Египет за шпионажа бил уапсен робот-уметник, египетските служби сакале да уништат проект вреден 3 милиони фунти

Службите во Египет уапсиле робот-уметник, вреден 3 милиони фунти, сметајќи дека тој пристигнал на изложба со цел да шпионира. Роботот бил проект на Ејдан Мелер, менаџер за развој, кој го направил со цел да предупреди на опасноста од искористување на технолошкиот развој.

Мелер сакал да предупреди на потенцијалниот негативен правец кој би можел да го прикаже и развие технологијата и вештачката интелегенција. Тој заедно со група експерти за роботика, уметност, програмери и психолози, пред две години направиле робот кого го крстиле Еј-Да.

Овој проект бил тежок повеќе милиони фунти и постојано се надоградувал со напредокот на вештачката технологија, а нејзините роботски уметнички дела биле претставени низ изложби во целиот свет.

Идејата на Мелер била тoj да ја поттикне јавноста и експертите да расправаат и подлабоко да размислуваат за технологијата и нејзиното влијание во светот. Ај-Да била магнет за медиумите. Гостувала на TEDx, а нејзините уметнички дела биле прикажани низ светски галерии и на посебни изложби.

Мелер исто така договорил нејзните дела да бидат претставени неделава во Египет, во рамки на изложбата Forever is Now, на која треба да бидат изложени дела од некои од водечките египетски и меѓународни уметници. На оваа изложба требало да бидат претставени и делата на роботот Ај-Да.

Но, патот до изложбата за Ај-Да и за Мелер бил прилично стресен. Ај-Да била задржана во Египет, односно, како што пренесоа медиуми, била уапсена под обвинувањата за шпионажа. Како што пренесоа тие, роботот бил составен од различни компоненти, чипови и слични предмети, а на цариниците им бил сомнително тоа што го имало во модемот и поставените камери во очите.

Тие се посомневале дека роботот е направен за шпионажа и заедно со Мелер биле задржани додека ситуацијата не била разрешена. „Може да го исклучите модемот, но, не можете да и ги откорнете очите“, рече Мелер за ситуацијата во која се нашле тој и неговиот робот

„Гардијан“ пренесе дека нејзините очи, односно камерите, биле клучни за нејзината работа. Ќе изгледа чудно без нив, рекол Мелер. За среќа на крајот, по реакцијата на британската амбасада, очите на Ај-Да, односно камерата останале недопрени.

Роботот на крајот излегол од затвор и ќе може да биде претставен на египетската изложба.

Scroll to Top