(ВИДЕО) Во хотелска соба „се уби“ републиканецот кој трагаше по 33.000 мејла на Хилари Клинтон

Наводно извршил самоубиство, но ниту еден доказ не упатува на тоа.

Републиканецот и ентузијастот Питер В. Смит (81), кој ја водеше независната истрага поврзана со 33.000 мејлови на Хилари Клинтон, кои пак, поранешниот кандидат за претседател на САД, од редовите на демократите, ги отстранила од својот личен компјутер, извршил самоубиство во хотелот во Рочестер во Минесота.

Поточно нјаден е мртов во хотелска соба, а сето останато упатува на заклучок дека се работи за убиство кое е изведено така да личи на самоубиство.

Како што објави „Chicago Tribune“, полицијата во неговата соба пронашла и документи, а меѓу нив и предсмртна порака во која наводно пишува за неговата здравствена состојба и за пресушувањето на изворот на пари за негово лечење и неговата полиса, која некогаш била „тешка“ дури и пет милиони долари.

Самото убиство се случило десет дена откако Смит дал интервју листа на „Wall Street Journal“, во која тој тврдеше дека ги има преписките на Хилари Клинтон, која му ја доставиле хакери.

И открил дека не бил уверен во нејзината автентичност, па се посовветувал да биде проследена на Викиликс.

Додаде дека преписката на Клинтон, му била понудена од пет хакерски групи, од кои две биле руски, но никакви докази не понудил.

Chicago Tribune, инаку објави дека Смит живеел во хотелот во кој престојувале и клиенти од клиниката „Маyo“.

Еден негов поранешен соработник изјавил дека боледувал од срце и дека се лечел во таа клиника. А во клиниката не потврдиле дека Смит бил нивни клиент.

Се повикале протоа на „лекарска тајна“.

Ден пред смртта, Смит објавил два текста на својот блог. Ниту еден не го навестувало самоубиството.

Во едниот го оспорил тврдењето на американските тајни служби, дека Русија е вмешана во американските избори, а во другиот проценил: дека „руското мешање“ ќе замине во втор план, откако вниманието на јавноста ќе премине на покрупни прашања за надворешната политика.

Wall Street Journal напиша дека Смит би можел да биде врската меѓу хакерите и поранешниот советник на Трамп за национална безбедност Мајкл Флин.

Така Флин би можел да биде поврзан со потрагата на уништувањето на електронската пошта на Хилари Клинтон.

 

Scroll to Top