(Видео) Во Порторико пронајдени 100 актовки со непребројани гласови од изборите во САД

By

Изборна комисија во Порторико во вторникот соопштила дека открила повеќе од 100 актовки со непребројани ливчиња. Ливчињата биле откриени една недела откако на територијата на САД биле одржани општи избори. Ова предизвикало критики и презир кај гласачите.

dobivaj vesti na viber

Тие се сомневаат во валидноста на исходот, пренесуваат светските медиуми. Франциско Росадо, новиот претседател на комисијата, изјавил дека актовките биле пронајдени во трезор.

Тој посочи дека ваквата ситуација настанала поради недоволните финансии и малиот број на персонал во телото кое е одговорно за броењето на гласовите.

„За жал, утврдивме неорганизираност во ракувањето со материјалот во трезорите“, изјавил тој на конференцијата за новинари.

„Лоша организација. Мораме тоа да го признаеме“, дополнил тој.

Росадо изјавил дека сè уште не се знае колку вкупно гласови имало во 126 актовки, напоменувајќи дека некои содржеле само три гласачки ливчиња, а други и по 500 гласачки ливчиња.

Официјалните лица на почетокот изјавиле дека постојат 182 актовки, но подоцна го ревидирале бројот.

„Секој глас ќе биде пребројан“, изјавил Росадо.

„Морам да кажам и да им пренесам на жителите на Порторико дека мора да веруваат во транспарентноста на процесот“, дообјаснил тој.

Ова откритие е најновиот погрешен чекор на комисијата, која во август до толку ги имала упропастено предизборните услови на островот што за време на вториот круг на гласање претходниот претседател на комисијата морал да си поднесе оставка.

Тогаш комисијата била критикувана поради рекордот на пребројување на гласовите од само четири дена. Една недела по изборите, за време на финализирањето на пребројувањето на гласовите, тие во вторникот објавиле дека откриле уште актовки.

Традиционално, комисијата треба да ја објави конечната бројка на гласови во ноќта на изборите. Роберто Иван Апонте, изборниот комесар на Партијата за независност на Порторико, изјавил во телефонско интервју дека очекува сите галсови во новооткриените куфери да бидат пребројани.

Тој очекува пребројувањето да се случи најдоцна до четвртокот. Апонте изјавил дека гласвоите би можеле да влијаат на трката како онаа за градоначалник на Гулебра, популарниот туристички остров источно од Порторико.

Според прелиминарните резултати, избраниот градоначалник победил со само два гласа. Апонте и другите официјални лица за тековни проблеми за новонастанатите проблеми го посочуваат новиот закон, кој гувернерот Ванда Васкез го одобри во јуни, само два месеца пред изборите.

Новиот закон довел до неколку промени, вклучувајќи го и ублажувањето на ограничувањата за отсуства на долгогодишните официјални лица и предвремено гласање и укинување на одделенијата и високите позиции во изборната комисија.

Тоа довело да голем број од долгогодишните официјални лица си заминат од функциите. Оваа година Порторико добил повеќе од 220.000 гласа во отуство и привремени гласови, што е рекорд за официјалните лица, кои биле преплавени со документација.

Апонте предупреди дека тековните проблеми на комисијата само сеат сомнежи меѓу гласачите.

„По овие избори, ќе мора сериозно да се процени како ќе се постапи со тие гласови“, изјавил Апонте, мислејќи на гласањето во отсуство и предвременото гласање.

Ќе ви се допадне