(Видео) Водителот на „Фокс њуз“ одби да молчи за изборната кражба, Такер Карлсон објасни како Бајден ги доби изборите

Американскиот телевизиски водител на „Фокс њуз“, Такер Карлсон, вели дека повеќе не сака да молчи и посочи кој стои зад изборната кражба во САД. Тој посочи и решение за овој проблем за во иднина да не се случуваат вакви слични работи.

Карлсон изјавил дека претседателските избори во таа држава одржани во 2020 година не биле фер и дека САД мораат да го вратат традиционалниот систем на гласање.

„Другите држави го разбираат ваквиот проблем и затоа не користат електронско гласање. Тие знаат дека тоа може да ја наруши довербата во демократијата“, изјавил Карлсон.

Тој вели дека САД мора да го вратат традиционалниот систем на гласање, но тоа не значи дека граѓаните треба да заборават оти изборите оваа година не биле фер.

„Мораме веднаш да се вратиме на традиционалниот систем на гласање, она шот стотина година било спроведувано во нашата демократија, но истовремено не смееме да дозволиме фокусот на гласачката машина да нè одврати од она што ни се случуваше со месеци. Претседателските избори во 2020 година не беа чесни. Ниту една чесна личност не би можела да потврди дека овие избори беа чесни“, изјавил Карлсон.

Водителот објасни дека и голем дел од медиумите застанал зад демократскиот кандидат Џо Бајден.

„На голем број нивоа системот беше наместен против еден од кандидатите, а во корист на другиот. Беше наместен на начин на кој тоа сите го видовме. Сите видовме што се случи. Медиумите отворено застанаа зад демократскиот кандидат. Џо Бајден и Камала Харис одбија да објаснат што ќе направат ако бидат избрани. Тоа никогаш претходно се нема случено на ниедни претседателски избори во американската историја, но медиумите тоа им го дозволија“, заклучил Карлсон.

Водителот објаснил дека демократите ја искористиле поддршката од „Гугл“, „Твитер“ и од „Фејсбук“ за да победат на изборите.

„Но, пред сè, демократите ја искористија моќта на компанијата Big Tech за да победат на овие избори. Практично, сите вести и сите информации во светот од англиското говорно подрачје патуваат преку една компанија – „Гугл“.

Огромен процент од нашите политички расправи се одвива на „Фејсбук“ и „Твитер“. Ако ја користите технологијата за цензурирање, идејата што луѓето може да ја изразат на мрежата, на крајот вие ја контролирате популацијата како да гласа. И токму тоа го направија. Тие ги наместија изборите пред сите нас и никој по тоа прашање не направи ништо“, изјавил водителот.

Scroll to Top