(видео) Вонземјани ја нападнаа Меѓународната вселенска станица

By

Теоретичарите на заговори сметаат дека Меѓународната вселенска станица (ISS) веројатно била нападната со ласерско оружје.

dobivaj vesti na viber

Ова го темелат на база на откриената фотографија на НАСА која била во живо снимена од  камера на ISS, која открива чуден објект што прелетува околу вселенската станица.

Јутјуберот „Streetcap1“ постираше клип на својот канал кој јасно го открива доказот за постоење вонземјани и УФО.

Во неговото видео UFO Fires Red Beam at the ISS? тој открива:

„Оваа светлина се појавува во близина на вселенската станица. Проверив и не можев да ја забележам на која било друга фотографија направена од Меѓународната вселенска станица. Се појавува црвена светлина околу Меѓународната вселенска станица“.

Исто така со снимката е сè во ред, па не станува збор за некакво оштетување на истата.

„Во претходните часови немаше никаков доказ за вакво нешто. Можеби станува збор за некаков одблесок на леќата, но не можам да забележам што би ја предизвикало. Обликот ми беше тоа што најмногу ме заинтригира“.

Потоа тој, открива дека НАСА се обидувала да ја одзумира камерата со цел да го сокрие објектот.

Вики Ледгард постирал на „Јутјуб“:

„Мислам дека серијата црвени светла потекнуваат од некој голем вселенски брод“.

Артур Тасев дополнува:

„Ова им излегло од раце на одговорните во НАСА“.

Дејвид Вадингтон додал:

„Ова е некаков вид летало и мислам дека ISS го очекувало, а инфрацрвените камери веројатно би покажале многу повеќе“.

Јулијана Џејнс вели:

„Колку долго ќе се случува ова? Повеќе од очигледно е дека постојат бродови НАСЕКАДЕ“.

Џејмс Пол додал: „Ова се чини дека е истото летало што беше забележано многупати како лета околу ISS, и орбитата“.

„Верувам дека анти-гравитационото летало припаѓа на USAF, заедно со друго летало од ист тип, само помало“.

Ерика Демирал била помалку убедена во ваквите приказни. Таа вели:

„Можно е да станува збор за рефелксијата од електричниот панел внатре во ISS?“.

Express.co.uk открива дека Скот Брандо го води веб-сајтот „ufoofinterest.org.

Тој верува дека црвените линии биле направени од страна на самата НАСА, со ласер, а не од вонземјани.

Веќе изминатите неколку годин, агенцијата испраќала податоци од вселената сo црвен ласер, за проектот „Optival Pauload for Lasercomm Science“ (OPALS), прокет кој се темели на „Nasa’s Јет Propulsion Laboratory in Pasadena“.

 

 

 

Ќе ви се допадне