Вистината за коронавирусот: Тајни документи без цензура пишува „Дојче Веле“

Откриени се тајни извештаи на безбедносните служби во САД, Австралија и Германија, кои ја откриваат вистината за коронавирусот, нејзиното потекло и кој е виновникот за целата оваа здравствена криза, пренесува српски Курир, повикувајќи се на „Дојче Веле“.

Веќе со децении се шират сензационални вести за сознанијата на тајните служби за коронавирусот. Дали тоа е уште една теорија на заговор? Што навистина пишува во документите на тајните служби?

Во еден од извештаите на тајните служби на пет големи земји, САД, Велика Британија, Канада, Австралија и Нов Зеланд, наречен Five Eyes, пишува за непознат вирус со потекло од лилјак од Кина, кој се истражувал во кинескиот град Вухан. Тој извештај на тајните служби е доставен до австралискиот весник „Дејли Телеграф“.

По неговото објавување, на големо почна да се пишува за вирус кој го создал човекот во лабораторија во Вухан. Освен тоа, се вели дека светот изгубил драгоцено време во борбата против вирусот, затоа што Кина ги криела сите информации. Таквите обвинувања не ги има изговорено само Трамп, туку за тоа пишуваа и германските весници.

Се работи ли за навистина огромен скандал?

Она што го пренесува Курир.рс, повикувајќи се на „Дојче Веле“, е дека вирусот не е создаден вештачки од човекот, ниту пак е плански пуштен во светот. За бесмислиците од ваков вид, за кои теоретичарите на заговор ширум светот ги подгреваат со неодржливи тврдења, како и за потеклото на ХИВ вирусот во 1980 години, нема никаков доказ во извештајот на тајните служби.

Напротив, и американскиот директор на тајните служби, кои е надреден на сите 17 американски тајни служби, објави соопштение за медиумите во кое објаснува дека, исто како и повеќето научници, ниту американските тајни служби, немаат никаква причина да претпостауваат дека „Ковид-19“ е создаден од човекот.

Ниту пак дека коронавирусот е генетски модифициран. Истовремено, тајните американски служби и понатаму истражуваат дали вирусот на луѓето преминал од животните или пак е излезен од некаква несреќа направена во лабораторијата во кинескиот град Вухан. 

Освен соопштението, кое од минатиот четврток го објави поранешниот американски амбасадор во Берлин, познато по недипломатските изјави, а кој е нов координатор на тајните служби во Белата куќа, Ричард Гренел, американските служби направиле сензационален исклучок на правилата да не ги коментираат актуелните настани.

Само неколку дена по ова службено соопштение, објавен е и текст во австралискиот медиум „Сатрдеј телеграф“. Ниту во извештајот, кој очигледно потекнува од австралиските тајни служби ASIS, нема никакви докази дека пандемијата на коронавирусот ја предизвикал човекот.

Без сомнение, највозбудливиот аспект од извештајот на австралиските тајни служби, кој досега е запоставен, претставуваат информациите за истражувањето на коронавирусот. Веќе речиси 15 години, како што пишува „Сатрдеј телеграф“, еден кинески тим на вирусолози, под водство на доктор Ши Зенгли, го испитувале вирусот.

Зангли била директор на Центарот за инфективни болести на Институтот за вирусологија во Вухан и таа со нејзиниот тим, се занимавала со истражување на коронавирусот, кој се појавува кај лилјаците. Такви типа на вируси има преку 5000, од кои доктор Ши истражувача најмалку 50. Но, тоа не бил никаков таен кинески проект.

Тимот на научници соработувале на пример со лабораторијата за здравјето на животните Commonwealth Scientific and Industrial Research Organisation, CSIRO, во Австралија. Доктор Ши и нејзиниот соработник Пенг Џо таму поминале неколку години, а партнер во истражувањето им бил и Универзитетот во Северна Каролина во САД.

Целта на истражувањето било да се изолираат вирусите кои се појавуваат кај лилјаците и да се провери дали истиот може да премине на човекот. Во ноември 2015 година, речиси точно четири години пред избивањето на сегашната пандемија, студијата на доктор Ши, со Универзитетот на Северна Каролина, дошла до резултат дека вирусите слични на САРС, можат да преминат од лилјаците на човекот и дека против тоа нема лек.

Во 2019 година, нивната следна студија дошла до заклучок дека, многу е веројатно идната зараза од коронавирусот, како што била со САРС и МЕРС, да извира од кај лилјаците и дека голема е веројатноста тоа да се случи во Кина.

Притоа научниците особено го споменале и големиот ризик на своите истражувања, во случај да дојде до некаква несреќа и вирусите да побегнат од лабораторијата. Еден од ризиците се безбедносните стандарди во лабораторијата. Се појавиле и извештаи од американските дипломати во Кина, кој во декември 2019 година, говореле за досега непотврдени безбедносни недостатоци во лабораторијата во Вухан.

Австралиските извештај на тајните служби, експлицитно се спротивставува на неоснованите претпоставки и обвинувања. Затоа е и ставот на австралиската влада, дека 95% од шансите е дека вирусот потекнува од лилјак од Вухан, но останува и мал ризик од пет проценти дека истиот можел да побегне од некаква несреќа во лабораторијата во Вухан, без никаква човечка намера.

Заклучокот на тимот го поткрепиле и соопштението на американските тајни служби. Австралијанците завземаат целосно спротивен став од владата на Трамп. Американскиот министер за надворешни работи и поранешен шеф на ЦИА, Мајк Помпео, уште во неделата говорел за исклучителни докази дека вирусот потекнува од лабораторија во градот Вухан.

Чувствителниот дел од извештајот на австралиските тајни служби зборува нешто друго. Австралиската тајна служба ASIS, многу прецизно објаснува во документ напишан на 15 страници, за тоа како Кина ги криела информациите и ги уништила сите главни и потребни докази за избивањето на епидемијата на коронавирусот, уште во декември минатата година.

Посебно тежок случај се соработниците на Хуанг Јан Линг во научната лабораторија во Вухан. Според првите извештаи во кинеските медиуми, таа била првата личност заразена со короанвирус. По кратко време, таа исчезнала, нејзината целосна биографија која била онлајн, била поништена, а до ден денес нема траги од таа научничка.

Исто така во јануари, бројни лекари во Вухан, кој говореле за избивањето на новата вирусна зараза, биле уапсени поради ширењето на гласини. Освен тоа, кинеската влада од онлајн пребарувачите, наредила да се отстранат поимите како што се SARS variation, Wuhan seafood market, и Wuhan unknown pneumonia.

Тоа се јасни знаци за цензура, преку која комунистичкиот режим настојувал да ги контролира сите информации за избивањето на пандемијата. Најтешки биле обвинувањата дека Кина во декември знаела дека вирусот може да биде пренослив од човек на човек, но тоа на почетокот го негирала.

Дури на 20. јануари 2020 година, ја информирале Светската здравстена организација . Но, со оглед на јавно достапните и познати резултати на истражувањето на доктор Ши, кои извештајот на тајните служби го наведел детално, тоа повеќе не било никакво изненадување.

Негирањето, апсењата и цензурата се типични реакции на диктаторските режими, во време на неочекувани кризи. Заразаите, природните катастрофи или несреќите, претставуваат голема опасност за и така постојаниот загрозен монопол на властите и диктатурите. Кризата од ваков вид, ја разоткрива веќе постоечката лоша состојба во земјата.

Комунистичката партија, било да е онаа советската по катастрофата во Чернобил во 1986 година, или во Кина во 2020 година, не сака да ризикува. А, тоа и претходно и денес има катастрофални последици за човековите животи.

Извештајот на тајните служби од Австралија и САД, покажува дека обидите, само на Кина да и се припише одговорноста за размерите на пандемијата, не се коректни. Факт е дека научни сознанија за коронавирусот и опасностите кои можат да се појават од истата, со години биле јавно достапни.

Пред повеќе години се спроведени и вежби за случај на катастрофа со слично сценарио. Во Германија, во 2012 година, била изработено сценариот од една анализа за ризикот и заштита на населението, во период на пандемија од вирус. Резулатот бил недоволна подготвеност, недостаток на капацитет и заштитна опрема и недостаток на планови за нејзино сузбивање.

Што повеќе, дури и на крајот на јануари, од сегашна перспектива, изгледа период како многу одамна, ниту една влада, ниту во Европа, ниту во САД, не ги превземала сериозните мерки кои требала да ги превземе.

Затоа, оправданите сомненија дека поиканва информативна политика во Кина, уште во декември минатата година, би можела многу да помогне и да се обезбедат многу потребни информации во тој период на месец дена, во борбата против пандемијата. Тоа значително би ги променило работите.

Извор/Курир.рс/Дојче Веле

Scroll to Top