Лудвиг Гарц, човекот познат по смелите тврдења, дека текот на светската историја е кодиран во книгата „Господар на прстените“, сега вели дека одговорот за корона-кризата и како таа ќе заврши се крие токму во овој филм.
Во едно од своите интервјуа тој објаснува дека книгата „Господар на прстените“ ја прикажува кризата предизвикана од короната и нејзиниот крај и како ќе изгледа иднината на човештвото.
Во „Господар на прстените“ постојат неколку паралелни линии на приказни, вели Гарц, говорејќи за моментната состојба на светската политичка сцена.
Тој истакнува дека Русите и Германците се судбински поврзани и дека книгата, која беше голем хит на почетокот на 21 век, го предвидува крајот на моментната финаниска и политичка елита.
„Најзначајното дело во приказната, објавена во педесетите години од минатиот век, ја опишува битката на полињата на Пеленор, каде што трупите на Саурон, кои го симболизираат злото, се борат против западњаците“, објаснува Гарц.
Тој вели дека „Минас Моргул“, кулата на црниот волшебник, го симболизира стравот, што, се разбира, денес е клучниот елемент. Луѓето се плашат од зараза од вирусот, а претприемачите се плашат од понатамошни економски губитоци предизвикани од вирусот.
Гарц вели дека иднината ќе биде неизвесна. Слична криза, која ги вклучува сите влади, може да се објасни само ако постои глобален капацитет со неа да се управува.
Тоа е она што го симболизира конфликтот меѓу Сем, верниот сопатник на Фродо, во „Господар на прстените“, и Шаграт, водачот на црните Орки.
„Сем претставува оптимистична, позитивна сила во луѓето, која почнува да се буди исто како и надежта дека можеме да се ослободиме и да почнеме да размислуваме слободно. Наспроти тоа, Шаграт претставува огромна закана, која на крајот одлучува да се повлече.
Гарц, како и голем број други како него, тврди дека оваа криза ќе биде искористена за воспоставување глобална диктатура. Во филмот и книгата Сем ќе успее да го ослободи Фродо.
За разлика од тоа, во реалноста Гарц смета дека овој маневар во глобалната политика нема да биде ефикасен и дека човекот ќе успее да воспостави слободно мислење кога длабоката држава ќе биде разоткриена, што значи кога ќе ѝ дојде крајот. Но, ова би можело да потрае уште неколку години.
„Се разбира, тоа се само интерпретации што ги создадов од своја перспектива“, признал Гарц.
„Невозможно е тоа научно да се докаже. Тоа се мои претпоставки и толкувања. Открив дека разни историски настани од минатото се кодирани во книгата. Но, и иднината може да се толкува на ист начин“, вели Гарц.
„Не сум сигурен дека работите ќе се решат. Гледам како може ова да се протолкува преку книгата „Господар на прстените“. Ова што се случува е слична конструкција, која мислам дека одговара на моментната наша ситуација. Се разбира, ова не може да се смета за доказ. Човек кој размислува користејќи научни термини, ќе помисли дека моето предвидување е надвор од паметот. Можам да го разберам овој став“, вели Гарц.
Гарц ги проучувал симболичкиот јазик и симболиката многу години пред да почне да ги анализира настаните во „Господар на прстените“.
„Читав лингвисти што ги проучувале древните библиски текстови. За тоа време открив многу грешки во преводот. Забележав дека симболичкиот јазик може лесно да се забележи во книгите на Толкин, авторот на ‘Господар на прстените’. Тогаш сфатив дека многу описи и настани се поклопуваат и сметам дека тоа не може да биде случајно“, изјавил Гарц.
„Мислам дека оваа криза предизвикана од короната нема да доведе до целосна диктатура“, предвидува преведувачот.
„Народите и земјите еден ден ќе се ослободат. Тоа може да потрае уште две или три години пред длабоката држава целосно да се сруши. Можеби ќе минат неколку децении пред конечно да можеме да го промениме монетарниот систем, кој во книгата е симболизиран преку престенот“, вели Гарц.
Саурот, крајниот негативец во книгата, владее со прстенот, а тоа претставува монтеарниот систем. Тоа се глобални текови на прераспределбата, кои непрекинато ќе завршат во рацете на богатите. Ова богатење се одвива благодарение на даноците.
Овие финансиски текови може да се пренасочат ако почнеме да заработуваме на некој друг начин, ако воведеме систем што не даночи. Ваквиот систем ќе се препознае кога ќе се создаде неданочни системи, кои стават крај на прераспределбата и сиромаштијата.
Но, може да помине извесно време пред луѓето да сфатат што се случува.
„Луѓето ги создале парите. Исто така, може и да ги укинат. Долгорочно чекориме кон добра иднина“, вели Гарц.
Но, претходно човештвото може да се соочи со уште голем број кризи не само во финансиската сфера. Но, кога моментната криза предизвикана од короната ќе заврши, ќе дојде диктатура што нема да трае долго затоа што повеќе нема да може да го спречат слободното размислување.
А тогаш работите ќе почнат да се развиваат многу бргу. Диктаторите ќе излезат на виделина, а затоа што ќе им недостига поддршка, диктатурата ќе се сруши.