Ема Тилинг, професор од Униерзитетот во Даблин, смета дека лилјаците можеби го имаат одговорот за лек против коронавирусот.
Таа објасни дека лилјаците се отпорни на коронавирусот, а до таков заклучок дошле откако успеале да изолираат ген од лилјак. Заклучиле дека животното има уникатен имунолошки систем кое е отпорен на Ковид 19.
Според неа, доколку научниците би можеле да најдат начин да го имитираат имунолошкиот систем на лилјакот, можеби во природата ќе може да се најде лек за коронавирусот.
„Се тоа би можело да им укаже на научниците на чекорите кои треба да ги преземат за да дојдат до лек против коронавирусот, нагласи Тилинг.
Таа го започна научниот проект Bat1K, со цел да се декодираат гените на секој од 1.421 познат вид на лилјаци.