Во римокатоличко радио може да се слушне дека коронавирусот е дел од заговор на светската елита против Господ

By

Висок официјален претставник на Католичката црква, во својот говор на италијанското радио „Радио Марија“ рекол дека коронавирусот е резултат на некаков безбожен заговор.

Директорот и свештеник Ливио Фацага во една утринската емисија го објаснил своето гледање на тоа како настанала пандемијата со Ковид-19, пренесува српски Курир, повикувајќи се на „Дојче веле“.

„За мене таа пандемија е криминален проект  наметнат од елитата на целиот свет, за да создаде свет без Господ“, вели Фацага.

Политиката и медиумите, кои говорат едно исто, според Фацага, се дел од овој ѓаволски заговор. Тој работи како водител во „Радио Марија“, кое секој ден го слушаат повеќе од 1,5 милиони Италијанци.

„Радио Марија“ има фреквенција ширум земјата, исто како и јавниот сервис „РАИ“. „Радио Марија“ е мегафон на екстремните конзервативни католици во Италија, но е и фактор на политичка моќ во таа земја.

Ова не е обично радио, објаснува новинарот Фабио Тоначи. Според него, станува збор за вистински медиумски рак, кој годишно прави обрт на повеќе од милион евра. За весникот „Ла Република“, Тоначи добил увид во годишниот биланс на „Радио Марија“.

„Тука се прави обрт на преку 20 милиони евра. Повеќето пари се користат за одржување големи технички инфраструктури за 874 фреквенции во земјата“, вели Тоначи.

„Радио Марија“ е присутно и на интернет и социјалните мрежи. Тоначи вели дека не може да станува збор за само 20 милиони евра, кои се водат во деловните книги. Радиото во меѓувреме има цела мрежа на истоимени страници ширум светот и речиси е невозможно да се открие врската меѓу тие радиостаници кои се слушаат од Бразил па до Индонезија.

Најголемиот дел од приходот доаѓа преку парични подароци од слушателите, вели Тоначи.

„Разговаравме со поранешните соработници на ‘Радио Марија’. Тие сведочат за цели вреќи со писма во кои има уплатници, но и пари. Типичен слушател на ‘Радио Марија’  е една осамена стара жена“, вели Тоначи.

Таа порано или подоцна ќе го отвори паричникот и ќе се јави на повикот за милостина, кој се објавува речиси секој ден. Италијанското радио е земјопоседник. Официјално се води како сопственик на преку 70 недвижности, кои поголемиот дел ги добила како подарок од верните слушатели.

Тешко е да се каже колку за сето тоа знае, или сака да знае, даночната управа. Радиото настанало уште во 1986 година, како мала станица на парохијата во Ерб, во близина на езерото Комо. Така било неколку години, додека во него не влегле пари од Емануел Ферари.

Станува збор за своевиден крал на сирењето моцарела, а редакцијата ја започнал Фанцага. Програмата била со мешавина на молитви, поуки од Библијата, црквена музика, која потекнува од грегоријанското пеење па сè до хитови.

Но, еден ден радиосвештеникот почнал да ги објаснува случувањата во светот. Тој зборувал за абортусот, хомосексуалците, мигрантите или исламот. Зборувал и за идниот американски претседател Џо Бајден, за кого Фанцага бил убеден дека е орудуе на сатаната.

Затоа добил и пофалби од првиот човек на десничарската партија „Лега“, Матео Салвини. Тој според ставовите кои ги има свештеникот, го сметал за искрен католик.

„И јас го слушам ‘Радио Марија’. Прегледот на печатот на отец Ливија Фанзага е секогаш вистинската работа“, изјавил Салвини.

Тешко е да се каже чие мислење воопшто шири „Радио Марија“. Тоа радио понекогаш  пренесува некои од изјавите на папата Фрањо, меѓу кои и повиците на толеранцција и разбирање.

И Ватикан влегол во неволји поради некои изјави на „Радио Марија“. Пред неколку години, кога Италија беше погодена од серија земјотреси, во програмата на радиото можело да се слушне дека тоа е Божја казна, поради носењето на Законот за истополови бракови воведен во Италија.

Тоа го натерало и државниот секретаријат на Ваткан јавно да се извини. Но, се додава дека Ватикан и поглаватрот на Католичката црква немаат никакво влијание на програмата на „Радио Марија“.

Изовр/Курир.рс

Ќе ви се допадне

KissAnime kissanim3: That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 (https://kissanimeonline.com/m/JM1L) Episode 12

WCOStream mickey and the roadster racers wcostream: Watch Jujutsu Kaisen (TV) (Dub) Episode 7