(Во живо) Напад врз Ангела Меркел во Берлин

Утрово се случи инцидент среде Берлин кога еден напаѓач со својот автомобил се обидел да се пробие и да влезе низ спуштената капија во зградата на Сојузната канцеларија во Берлин, пренесува српски „Курир“ повикувајќи се на германските локални медиуми.

Полицијата потврдила дека напаѓачот веднаш бил уапсен. Деталите од инцидентот сега за сега не се познати и е почната истрага. Полицијата го прегледала црниот автомобил, каравн, на чии врати со бела боја било напишано „Стоп на глобалистичката политика“, пренесува „Мирор“.

На другата страна од возилото е напишана порака „Вие проклети убијци на деца и стари лица“.

Портпаролот на германската влада соопштил дека инцидентот се случил утринава околу 10 часот  и дека во тој момент е направена помала материјална штета.

На местото на инцидентот се собраа десетина полицајци, но и противпожарно возило.

Меркел утринава требало да биде домаќин на видеоконференција со германскиот државен премиер со кого требало да разговара за продолжување на блокадите и понатамошните чекори што треба да се преземат во борбата против пандемијата на коронавирусот.

Како што пренесува „Билд“, веројатно станува збор за истиот автомобил, со истите напишани политички пораки, кој удри во капијата на канцеларијата во февруари 2014 година.

Во тоа време на едната страна од „фолксвагенот карван“ била напишана порака: „Нема повеќе убивање луѓе за климатски промени“, а од друга страна; „Никол, те сакам“.

Тогаш 48-годишниот возач бил сослушан од полицијата по инцидентот, во кој никој не бил повреден.

 

Scroll to Top