(Втор дел) Десет држави во светот што ќе исчезнат во наредните 100 години

Обединетото Кралство

Бидејќи се работи за унија од повеќе држави, во која постојат силни тежнеења за независност, можно е распадот да ја зафати и оваа светска сила. Движењето за независност на Шкотска  доживеа неуспех во 2014 година.

Велика Британија минатата година одлучи да излезе од Европската Унија, но постапката не е еднакво одобрена од сите делови на државата, што ќе биде камен на сопнување. Се верува дека поради тоа некои држави ќе излезат од Обединетото Кралство и како независни ќе ѝ се приклучат на Европската Унија, а тој процес ќе биде разрешен во следните 20 години.

1. Ирак  

Од воената состојба во 2011 година оваа држава е вистински пример за секојдневно распаѓање. По фаќањето и егзекуцијата на Садам Хусеин, кој ја држеше оваа земја во окупација, населението денес е поделено. Растот на популарност на Исламската држава привлече внимание на оваа поделба, па очигледно е дека земјата се одржува вештачки.

Ирак е поделен на три групи: сунити, Курди и шиити за кои е неверојатно дека ќе се обединат и се очекува земјата да се распадне на три помали творби во тој процес.

2. Карибите

Оваа островска држава во средишниот дел на Тихиот Океан до 1979 година била британска колонија, а ја чинат три сосема одвоени групи острови, распрскани низ големиот простор на Тихиот Океан: Гилберт, Феникс и Лина. Се смета дека е олицетворение на тропски рај, но секој што сака да го искуси би требало што побргу да го направи тоа затоа што зголеменото ниво на морето веќе поплави 2 острова. Ако продолжи ваквиот тренд, повеќето од државите би можеле да станат море, а остатокот повеќе нема да може да ги нуди основните услови за живеење.

Претседателот на државата веќе побарал помош од Нов Зеланд и од Фиџи да почнат да прифаќаат луѓе од Кирибите како постојани бегалци.

3. Шпанија

Кога економската криза ја погоди Шпанија во 2008 година направи толкава штета што земјата ја доведе до раб на распад, а сè уште не се соземала.

Невработеноста изнесувала 24 отсто до 2015 година, а до ден денешен не е значително подобрена. Како тоа да не е доволно, постои и длабока поделба меѓу населението.

4. САД

Со оглед на историјата, факт е дека американското население е поделено со длабоки културни разлики и политички ставови меѓу северот и југот уште од Граѓанската војна. Во 2012 година сите 50 држави примија над илјадници писма од своите граѓани кои бараат изземање од унијата.

Најверојатно, Алјаска и Тексас први ќе се одвојат.

5. Кина

И покрај тоа што Кина ја има една од најголемите економии на светот и силна војска, тоа не значи дека е заштитена од колапс во следните 100 години. Кина има огромни проблеми со еколошкото загадување, кое е до толку големо што дури 250.000 Кинези поради тоа предвремено умираат секоја година.

Предвидувањата на самата кинеска влада откриваат дека таа земја би можела да остане без пивка вода до 2030 година, а големи се шансите државата во сегашниот облик да не ја доживее 2050 година.

Линк од првиот дел:

Scroll to Top