(Втор дел) Доктор Лидија Гајски: Измислуваат болести и луѓето ги трујат со лекови

Продолжение

Линк од првиот дел

Со кои се модели, популацијата на здрави луѓе се претворени во корисници на фармакотерапијата?

Постојат повеќе модели. Еден од нив е концептот на факторот на ризик. Холестеролот е прогласен за фактор на ризик за срцев удар, зголемен притисок за мозочен удар, зголемен шеќер, откажување на бубрег и ослепување. Луѓето со зголемени вредности на овие параметри се прогласуваат за ризични и им се нудат лекови поради спречување на болестите во иднина. Јасно е дека високиот притисок и шеќер треба да се лекува. Станува збор за состојби кои создаваат тегоби но треба да се лечат преку традиционалната медицина.

Но, на нормално, просечно ниво на овие параметри, а особено во состојба на ниските вредности, кои во последно време се третираат како целни, користа од лечењето е занемарлива и речиси да не постои. Поради клиничките насоки кои системски ја намалуваат нормалната вредност на холестеролот, и во помала мера и на шеќерот, а кој без научни темели ги формулираат мали групи на клиничари поврзани со фармацевската индустрија, доведени сме во ситуација да, денеска во земјите во Западна Европа, 70-80 проценти од постарите жители, се подложни да им биде применето барем еден превентивен кардиоваскуларен препарат.

Кој модел е применет во случајот на остепороза? Дали е тоа навистина измислена болест?

Во случајот на остеопороза применет е моделот по кој младоста е прогласена за здравје, а староста за болест. Дефеницијата на болести со кои денеска се служиме е направена во 1994 година и тоа на начин што за нормално се зема губењето на коскената густина кај жените во периодот меѓу 20 и 30 години. Губитокот на калциум е физиолошки процес врзан со стареењето и вака како што е напишана дефиницијата истата претставува контроверзна, и доведе до тоа да жените во педесетите години имаат значителна шанса да им се „открие“ остеопенија, а тие во седумдесетите години, остеопороза. Можам да се согласам со тоа дека е легитимно и исправно да се настојува да се одложи староста и нејзините манифестации, колку и да е тоа физиолошки процес. Но, некои лекови кои ни се даваат сега имаат непосакувани ефекти и не се без нуспојави.

Имаме ли уште примери на „измислени“ болести?

Се разбира. Болестите се измислуваат на начин да квази научните истражувања докажуваат ефект на фармацевски препарати во одредени состојби. Тоа може да биде физиолошка или гранична состојба и да предизвика пореметување. Тогаш состојбата се прогалсува за болест. Примери – менопауза, „пременструален синдром“, еректилна дисфункција (полови потешкотии кај мажите). Од „Helicobactera pylori“, бактерија која живее во слузницата на желудникот кај 60 проценти од луѓето, на почетокот на 90-те години, создадена е нова болест, а со тоа истовремено и нова класа на лекови создадени на крајот на деведесетите години, лекови кои станаа и едни од најпропишуваните. Од целата низа на новосоздадени психијатриски заболувања ќе се спомене само социјалната фобија – страв од јавен настап: се лечи со антидепресиви. Произведувачите на препарати за раст на косата и ќелавост настојуваат да ја прогласат ваквата состојба за болест. Би можело наскоро да се класифицира под некоја шифра во класификацијата на кожни заболувања.

Изјавивте дека со помош на влијателни, но и подмитени научници и лекари се проширија границите на болестите, како и идникациите за лекови. Може ли подетално да објасните?

„Сценариото е слично веќе со опишаното. Во истражувањата финансирани од фармацевските компании, научниците откриваат дека производите делуваат и во благи или повремени форми на болести. Тогаш одбор на експерти со платен попис од истите тие компании, ги обликува болестите кои претходно не ги лечеле, прогласувајќи ги за патолошки и подложни на терапија. На тој начин, проширени се границите на болести како астма и депресија. Ширењето на индикациите за лекови се остварува на сличен начин, кога истражувањата ќе докажат ефект од препаратите врз новите состојби и на новите популации. Антидепресивите, некогаш давани поради тешки облици на депресија, денеска имааат и до 12 индикации кои вклучуваат и благи анксиозни пореметувања.

Можете ли да ми наведете за кои болести најчесто се пропишуваат непотребните лекови?

Во прв ред за кардиоваскуларни болести. На тоа поле особено се афирмирал концептот на превенција, па, со цел спречување на болестите како оние срцевите и мозочните удари, повеќе количини на лекови се даваат на широка популација на здрави луѓе.

Примери за лекови за намалување на маснотиите, или шеќерот во крвта и крвниот притисок, се некои препарати против згрутчување на крвта, како што е на пример аспиринот, а ефектот е скромен или непостоечки. На подрачјето на психијатријата на општествените и интерперсоналните потешкотии исто така се претворени во медицински состојби, кои треба да бидат подложни на фармакотерапија и други медицински постапки кои се разбира, не можат да се укинат тукутака.

Што е со депресијата?

Депресијата е типичен пример на медикализација. Од размерно ретки психијатриски болести, во дваесетите години таа порасна во една од најголемите глобални здравствени проблеми. Споредено со тој раст растеше и потрошувачката на антидепресиви.

Продолжува