(Втор дел) Отруениот шпион Сергеј Скрипаљ води до Хилари Клинтон, не до Путин

By

Поради лошото досие на Кристофер Стил,  американското Министерство за правда ги следело Трамп, неговото семејство, неговите соработници, неговиот транзиционен тим и неговата администрација. А колку и што знаел Сергеј Скрипаљ за досието на Стил?

Сергеј Скрипљ бил регрутиран додека работел во Амбасадата на Британија во Естонија. Така барем тврдат руските безбедносни служби. Кога Русија открила дека Скрипаљ е од британската служба МI6, добил 100.000 долари за во 2006 година да ги издаде имињата на руските известувачи во Европа, истата година кога е отруен рускиот двоен агент Александар Литвиенко, кој е осуден на 13 години затвор. Но, во 2010 година Скрипаљ бил еден од четворицата затвореници пуштени од Москва во замена за 10 руски шпиони во Соединетите Американски Држави, по што е префрлен во Велика Британија, каде што се дружел со Кристофер Стил.

Британски „Телеграф“ открива дека Скрипаљ се преселил во Солсбери во 2010 година, во рамки на размената на шпиони, каде што подоцна како безбедносен консултант бил ангажиран од Кристофер Стил, кој го составил лажното досие за Доналд Трамп.

Неодамна изгаснатиот LinkedIn открива дека британскиот безбедносен советник бил во Солсбери и работел за агенцијата на Стил, Оrbis Biznis Intelidzens. Познато е дека Стил собирал дописи против Трамп во име на компанијата „Фјужн“.

Првите седумнаесет луѓе со лажни досиеја станаа цел на ФБИ. Британските медиуми труењата на Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка Јулија го нарекле „апсолутно бесрамен предизвик за Велика Британија од страна на рускиот претседател Владимир Путин“.

Gateway Pundit додава: „Полицијата ја повикала британската војска да ги истражи нападите“.

По обидите за убиства следеле извештаи дека Стил знаел дека кампањата на Хилари Клинтон платила за досиејата против Трамп, но дека ФБИ тие податоци никогаш не ги вклучил во конечното барање до Судот за следење  странски известувачки служби и судијата Картер Пејџ.

Кристофер Стил, автор на валканото досие

Стил бил задолжен за составување на досието за Трамп за сметка на групата „Фјуџн“ и признал пред судот дека дискредитираниот документ содржел ограничени податоци. Стил исто така празнал дека дел од неговиот последен меморандум во декември не е прифатен.

Никој не тврди дека Хилари Клинтон или некои од нејзините соработници кои сè уште се на должност наредиле или самите ги отруле Скрипаљ и неговата ќерка, но покрај оваа скорешна приказна, која би можела да ги потресе во корен некои од институциите и агенциите во САД, тврдењата на Борис Џонсон не можат да се наречат никако поинаку освен бесмислени.

 

Ќе ви се допадне