(Втор дел)
Во денешниот облик на образование и покрај програмите во училиштата и учебниците, наставниот процес и понатаму во голема мера зависи од личноста на наставникот.
За да се надмине ова ќе се изврши преквалификација на кадрите низ обука, и ќе останат само „иновираните професори“. А „неиновираните“ ќе бидат исклучени или ќе се воведат многу други методи за системот самиот да ги отфрли. Ако сакате да останете во образованието, морате да глумите затвореност и незаинтересираност.
Целта ќе биде реструктуирање на човекот. Тоа е она што ние го нарекуваме трансхуманизациски проект, кога лицето чекор по чекор преминува од хумано во пост хумано. Овој проект е трансхуманизација и со тоа се занимаваат НАСА, ДАРПА, водечките американски известувачки агенции.
Трансхуманизмот не е маргинален, тоа е најновиот стратешки правец во концептот на „човечката обнова“, создавање на новиот човек.
Целта е целосно реструктуирање на човекот, едноставно кажано, одземање на идентитетот на лицето, духовната суштина. Човекот може да биде ставен под контрола, кога не го слуша само својот ум туку ги прифаќа туѓата волја и ум.
Неопходно е лицето да се трансформира во пост-човечко суштество со многу различни чипови, човечка киборг свест и интегрирање во една информациска мрежа која е поврзана со нуклеус мрежа преку која во целост ќе се контролира човештвото.
Но, за да се оствари тоа, потребно е драматично да се поткопа или уништи степенот на духовен развој на човекот за да се сврти кон примитивен потрошувач кој има едноставен сет на барања, и од него да можете да барате сè.
Нашето образование секогаш имало цел не само професионална ориентација туку и откривање на свеста на човекот.
Но, уништувањето на образованието денеска оди многу добро. Прво се уништуваат основните школи, а потоа и средните, се гради ‘глобално образование’, а потоа се отстранува кровот, Академијата на науки.
Еден од принципите на новата техника е забрана на традиционалниот систем на образование, премин во нов со воведување странски јазик, странски техники и друго. Како резултат на тоа, нашите деца нема да учат руски бајки, руски песни од руската книжевност туку ќе читаат „Хари Потер“ и слично.