И по речиси девет години властите на Малезија не успејаа да го пронајдат патничкиот авион кој во 2014 година исчезна над Индискиот океан. До ден денес постојат разни теории за тоа што навистина се случило со летот 370 на „Малезија ерлајнс“, во кој имаше 227 патници и 12 лица од екипажот.
Некои велат дека станува збор за терористички напад, а други одат дотаму што мислат дека го киднапирале вонземјани или пак се вратил назад во времето низ црна дупка.
Авионот исчезна на 8 март во 2014 година. Полета во 12:41 часот, од Куала Лумпур, а требаше да слета во Пекинг. Но пред да влезе во воздушниот простор на Виетнам му се губи секаква трага и исчезнува од радарите. Му бил исклучен примопредавателот, уред со кој контролорите ги идентификуваат авионите.
Брзо беше организирана најголемата потрага во историјата на авијацијата. Сите обиди завршија неуспешно. Последен пат кога бил виден е како лета во права линија кон Пекинг, пред да ја промени патеката кон Малезија. Скршнувањето се случило во 1:25 часот наутро.
Во 2:22 часот наутро, исчезнал од радарот и последно бил забележан над Андаманското Море. Сателит над Индискиот океан успеал да добие сигнал од него во 8:11 часот утрото, но од тој момент му се губи секаква трага. На 24-ти март, премиерот на Малезија слушајќи ги експертите рече дека се срушил во Индискиот Океан, 2.500 километри од брегот на Австралија.
Големата водена површина била причина за неуспехот во пребарувањето. Неколку години беа наоѓани парчиња и остатоци од авионот. Беа потрошени милиони долари во потрагата и беа пребарани стотици илјади квадратни километри од дното на Индискиот Океан. Во 2015 година беа најдени делови и на бреговте на Африка. Експертите велат дека водата ги донела.
Никој досега не знае дали пилотите биле тие кои намерно го промениле правецот на авионот, или пак можеби станува збор за нешто друго. Некои веруваат дека биле киднапирани и присилени да слетаат на некој далечен мистериозен остров, но засега нема ниту една група која е осомничена дека би можела да направи такво нешто. Некои мислат дека авионот бил срушен од бомбаш самоубиец, други пак веруваат дека терористи ги натерале пилотите да слетаат во Авганистан, каде патниците и екипажот се заложници.
Други веруваат дека бил киднапиран со цел да бидат искористени и земени органите на патниците. Во него имало 153 Кинези кои биле мета на киднаперите. Трговијата со органи во Кина и тоа како владее во земјата, велат експертите.
Други мислат дека бил нападнат од Руси. Така во магазинот „Њујорк“ е објавена и колумна во која е објаснета хипотеза дека Путин стои зад целата оваа работа и дека рускиот претседател знае каде се наоѓа авионот. Други пак веруваат дека Американците стојат зад целата оваа работа.
Има и теории дека биле нападнати од војската на Северна Кореја, а некои пак тврдат дека останале без кислород и изгубиле свест. Во таков случај, објаснуваат би се активирал автопилот. Се срушиле кота останале без гориво, еден од нив е пилотот Патрик Смит кој смета дека во авионот избил пожар.
Па кога сите изгубиле свест од чадот, се срушиле некаде во океанот. Некови колеги ја побија оваа негова теорија, тврдејќи дека авионот не може да лета со часови додека во него има пожар, а особено не ако му е активиран автопилотот.
Некои од теориите се дека пилотот добил суицидни мисли, па ги исклучил системите за комуникација и намерно го срушил во океанот. Но, властите тврдат дка сите од екипажот биле во добра психичка состојба и дека ниту еден од нив не покажувал знаци на депресија.
Повеќето експерти се согласуваат дека најверојатно се срушил во океанот и дека пронајдените остатоци на брегот на Африка се доволен доказ за тоа.