Забранет дел од филмот за убиството на Кенеди по грешка заврши во јавноста

Многу луѓе слушнале за филмот на „Запрудер“, во кој е снимен атентатот на американскиот претседател Џон Кенеди. Точно 486 сликички од филмот исчезнале од тој ден во ноември 1963 година во Далас.

Зад камерата стоел кројачот Абрахам Запрудер и во тие 26 секунди од филмот е забележан едно од најопасните злостроства направени во човековата историја.

Но, малку е познато дека Запрудер лично барал да не се објави една сликичка од целиот филм. Сликичката со број 313 му задавала ноќен кошмар, затоа што на неа јасно се гледа моментот кога куршумот го исфрла мозокот на Кенеди.

Требало да мине повеќе од деценија по убиството во Далас за да американската и светската јавност коенечно ја видат таа клучна сликичка.

Запрудер авторските права на филмот ги продал на магазинот „Лајф“, за 150.000 долари, но јасно изјавил дека тој не сака да ја објави клучната сликичка. Не сакал да го пушти тоа зло во американската колективна свест, а и луѓето во „Лајф“ магазинот го делеле неговото мислење.

Се разбира, некој го објавил целиот филм, заедно со сликичката 313. Тој некој бил Жералд Ривер, славниот телевизиски водител. Кога во 1975 година, за прв пат го прикажал целиот филм, американската јавност видела нешто за кое што само можеле да прочитаат, и на тој начин се родиле првите теории на заговор за убиството на Кенеди.

Scroll to Top