Правниот тим на американскиот претседател Доналд Трамп открива дека зад изборната измама во САД стои еден адмирал на Џо Бајден и човек на Џорџ Сорос.
Тимот на Трамп го посочи пензионираниот адмирал на американската морнарица Питер Нефенгер како „човекот за врска“, меѓу противкандидатот Џо Бајден и манипулацијата со софтверот за електронско гласање на американските претседателски избори.
Адвокатите на Трамп, Руди Џулијани и Синди Пауел, наведуваат дека „Смартматик“, чиј претседател на одборот е пензионираниот адмирал Питер Нефенгер, станал член на транзициониот тим на Бајден, кој бил во центарот на местењето на гласањето на изборите на 3 ноември.
Со холдинг-компанијата „Смартматик“ претседава Нефенгер, соработник на влијателниот милијардер со унгарско потекло Џорџ Сорос, кој неодамна добил значителен фонд на средства од украинска фирма, која го вработи синот на Бајден.
Џулијани во неделата за „Фокс њуз“ изјави дека „Смартматик“ испорачал софтвер за машините за гласање „Доминион“, кои се расипале и пренеле 6.000 гласови од контото на Трамп, на демократскиот кандидат Бајден, само во еден рурален округ Мичиген.
Пауел истакнала дека Нефенгер е претседател на компанијата „Смартматик“ и член на одборот на директори на таа компанија.
Извор/Курир.рс