Заговорник на теоријата за рамна земја исчезнал пловејќи кон крајот на светот

Шеесет и осумгодишниот Волтерс од Калифорнија исчезнал во Источниот Индиски Океан во обид да стигне до крајот на светот. Волтерс се надевал дека ќе успее да ја демонстрира својата теорија за тоа дека Земјата е рамна.

Веднаш по дознавањето за неговото исчезнување, била испратена интернационална спасувачка мисија во обид да се пронајде овој теоретичар на заговор. Последен пат бил виден на австралиското пристаниште во Сиднеј на 27 ноември, каде што се подготвувал да заплови кон Антарктикот.

Волтерс бил убеден дека Антарктикот е само ѕид од тенок мраз со кој е опколена Земјата. Тој сметал дека земјата има форма на диск и се надевал дека ќе може да го мине мразот и да направи неколку фотографии на крајот од светот за да му докаже на светот дека Земјата е рамна.

Волтерс бил пријавен за исчезнат од страна на неговото семејство во Калифорнија кога ги пропуштиле последните два радиоконтакта со него. Со него не се слушнале осум дена.

Австралиските власти го сфатиле исчезнувањето на Американецот како сериозен случај и ги замолиле соседните земји за помош во неговото пронаоѓање.

Едно од официјалните лица од австралиската спасувачка крајбрежна стража изјавил дека постои можност Волтер да починал од хипотермија.

Тие веруваат дека бродот поминал 400 наутички милји јужно од Австралија, но велат дека имаат многу малку информации за да може да претпостават што би можело да му се случи.

САД, Нов Зеланд, Филипините и Индонезија имаат испратено бродови и хеликоптери со цел да помогнат во спасувачката мисија. Во потрага се пуштени и 13 брода и 7 хеликоптери.

Многу експерти велат дека би било чудо доколку го пронајдат жив.

Волтерс голем дел од својот живот го минал како милитантен член од движењето за рамна Земја.

Во интервјуто што го дал пред да се пушти во авантурата вели дека за ваквото патување се подготвувал три години.

Говорел дека доаѓа од семејство со долга традиција и се опишал себеси како седми од генерацијата морнари, но потенцирал дека никогаш порано не пловел.

Многу аналитичари шпекулираат дека ваквиот недостиг на морнарско искуство може да има сериозен проблем во пловењето на водите јужно од Тасманија.

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top