Светските медиуми се полни со информации и видеоснимки од жртвите и убиените цивили по бомбардирањата на западните сили во Сирија.
Но, колку од нив се веродостојни и треба да им се верува, останува вечна дилема. Сѐ уште се свежи сеќавањата кога Колин Пауел и Тони Блер лажеа за хемиското оружје во Ирак, потоа лагите и пропагандите што се ширеа за Либија и наводниот диктатор Гадафи.
На човек сè почесто му доаѓа да ѕирне и кај други извори, кои имаат сосема поинаква перспектива на настаните.
#Syria behind the scenes …
*Making-of by #DeepState™️ production pic.twitter.com/lDqZaJTf4Z
— Vladimir Krstevski Makedonski (@vladokrstevski) April 15, 2018
Социјалните мрежи се полни со лажни снимки и фотографии од нападот во Сирија. „Ал Џезира“ објави некои од нив за кои успеала да ги најде оригиналите.
Инаку, човек сешто ќе се изнагледа од тој пуст Блиски Исток. На пример, кога некој сака да ги покаже жртвите, ама камерата малку предвреме ќе се вклучи.