Заради цртеж 12 годишно девојче од Русија заврши во дом, а татко ѝ во притвор

Во центарот на рускиот град Јефремов има изградено ѕид покриен со слики од војната. На него има големи фотографии од руски војници со оружје и буквата „Z“, која ги симболизира таканаречените Специјални воени операции во Украина.

Овој ѕид претставува патриотска слика за руската инвазија на Украина. Но, во градот кој се наоѓа на околу 320 километри јужно од Москва, има и уште слика од војната во Украина која се разликува од другите. Олга Подолскаја, заменик во градското собрание, на новинарката на „Би-Би-Си“ му покажала фотографија од детски цртеж. На неа стои украинското знаме. На едната страна пишува „Слава на Украина“, додека на другата има руско знаме и натпис „не за војната“.

На него има и девојка со мајка, кои решително се соочуваат со две ракети кои им надоаѓаат во пресрет.

Цртежот во април минатата година го нацртала 12 годишната Маша Москалјева. Татко ѝ Алексеј се обратил на властите за совет, откако од школото му повикале полиција.

„Полицијата почна да ги истражува неговите профили на социјалните мрежи. Рекоа дека на лош начин ја воспитувал ќерка му“, рече Олга.

Поради антивоени објави на интернет, самохраниот татко Алексеј е казнет и мора да плати 30.000 рубљи, околу 415 долари, заради дискредитација на руските воени сили. Против него пред неколку недели е започната и кривична постапка и сега му се заканува затворска казна.

Во моментов се наоѓа во домашен притвор, а ќерка му е испратена во детски дом. Во моментов не им е дозволено ни да се слушнат по телефон.

„Никој ја нема видено Маша од 1 март, иако се обидовме да стапиме во контакт со домот за да дознаеме како и е. Руските власти сакаат сите да ги пратат таму. Никој не смее да има свое мислење. Ако не се согласувате со она што некој го мисли, тогаш не треба да ги читате нивните објави на социјалните мрежи. Но, не треба таа личност да ја ставите во притвор, а децата во дом“, објасни Олга.

На новинарите на „Би-би-си“ не им е дозволено да разговараат со нив. Според правилата на домашен притвор, дозволен им е само контакт со адвокат, инспектор и вработените во правосудството. Неговите соседи се зачудени поради целата оваа работа.

„Таа е добро девојче. Никогаш немав проблем со татко ѝ. Но, се плашам да кажам било што сега“, рече Ангелина, една од сосетките за „Би-би-си“.

Една помлада жена предолжила да почнат да собираат потписи за поддршка на Алексеј. Таа не сакала да каже што мисли за овој случај, затоа што се плаши од последиците.

Новинарот се обиде да го посети и школото кое го пријавила Алексеј, но им бил забранет влез. Управата не одговорила на нивните повици и мејлови. Кога го посетиле сајтот на школото, ја забележале фотографијата од ѕидот на почетокот на текстот. Ова школо минатиот октомври го посетиле руски војници кои се вратиле од Украина.


Во говорот кој тој ден го дала директорката Лариса Трофимова, рече дека сите веруваат во нивната татковина и дека таа никогаш не може да згреши. Во меѓувреме Алексеј се бори за да не го изгуби старателството над ќерка му.

Луѓето кои го поддржуваат и новинарите се собираат во зградата на локалниот суд. Градскиот совет за малолетници презема правни мерки за официјално да ги ограничи родителските права на Алексеј.

Алексеј иако сакал, не можел да дојде на суд бидејќи е во домашен притвор иако се работи за негово дете. Во ходникот на судницата, активист развил плакат со натпис: „Вратете ја Маша кај татко ѝ“

Една од поддржувачите на Алексеј, Наталија Филатова, смета дека приказната за семејството Москаљов соодветно ќе покаже како се третираат неистомислениците во Русија.

„Нашиот Устав вклучува право на слобода на говор, слобода на совест, целосна слобода на граѓаните да го изразат своето мислење. Но сега ни е забрането да го правиме тоа“, рече таа.

Scroll to Top