Жаир Болсонаро не сака да ја прими вакцината против коронавирусот

Претседателот на Бразил изјавил дека не сака да ја прими вакцината против коронавирусот. Тој објави видео преку социјалните мрежи во четвртокот вечерта и изјави дека Конгресот нема да донесе уредба со која ќе се воведе задолжителна вакцинација.

Болсонаро објасни дека граѓаните нема да мораат да ја примат вакцината ако тоа не го сакаат.

„Јас ви велам дека нема да ја примам. Тоа е мое право“, изјавил Болсонаро, пренесува „Ројтерс“.

Болсонаро уште еднаш изрази сомнеж во ефикасноста на мерката и носењето маски и имплицира дека имало малку докази за ефикасноста на маските во спречувањето на ширењето на вирусот.

Scroll to Top