Златото на Хитлер е скриено под замок од 16. век

Под замокот Хохберг во Вроцлав, Полска се скриени 28 тони нацистичко злато, тврдат Германците. Се вели дека во замокот од 16 век најверојатно се скриени и вредни работи на богатите Полјаци, кои морале да ги предадат на хитлеровата единица СС кога бегала од Црвената армија во 1945 година.

Експертите сметаат дека дошле до информација за тајното место со богатство проучувајќи дневник на офицер од озогласената СС дивизија. Дневникот го напишал Егон Оленхауер, кому Хитлер му наредил да го сокрие нацистичкото богатство. Се смета дека офицерот на Третиот рајх скрил 260 камиони со различни вредни работи. Во неговиот дневник се споменуваат 11 места на кои би можело да е богатството.

Ако ова е вистина, во Полска би можело да бидат закопани предмети во вредност од 1,25 милијарди фунти. Меѓутоа, научниците сѐ уште не добиле дозвола за ископување на теренот, што го отежнува планирањето, пишува „Дејли мејл“.

Дневникот на Оленхауер стана познат во јавноста пред две години. Според тврдењата на истражувачите, кога Црвената армија ја почнала офанзивата, Хитлер наводно наредил камионите да се скријат во Шлеска. Меѓу другото, тука има 28 тони злато и уметнички дела од познати автори. Ракописот е чуван во една од германскиот религиозни организации, која се смета за масонска ложа.

Scroll to Top