Михаил Литвак е еден од најпризнатите светски психолози на денешницата. Овие 20 совети, иако се кратки, ако навистина ги разберете и примените во животот, ќе станат моќно оружје во вашите раце.
Доктор Литвак разви систем што го нарече психолошки аикидо и е првиот што сам го употребил. Овие 20 работи, ако ги проучите и примените во својот живот, ќе станат моќно психолошко оружје во вашите раце.
- Ако човекот нема што добро да каже за себе, а сака нешто да каже, тој ќе почне да зборува лоши работи за другите луѓе.
- Гризнете во науката (знаењето) кое е од гранит, а не во вратот на вашиот ближен, ако веќе сакате да гризете.
- Депресијата е ден кога човекот се замиислува дека е над себеси.
- Никој никого не отфрла, само некои луѓе одат напред, а други заостануваат. Оние што заостануваат мислат дека се отфрлени.
- Ако мислите добро за себеси, зошто е потребно и другите да мислат добро за вас?
- Ако сакате нешто, не барајте дозвола. Нема да ја добиете!
- Способноста да сакате и добро да ја поднесувате самотијата ја покажува вашата духовна зрелост. Всушност, најдобро функционира кога сме сами.
- Незрелата личност често има занает, но не знае да го примени, а зрелата личност има занает и знае како да го примени. Затоа незрелите луѓе ги критизираат другите, а зрелите дејствуваат.
- Не знам кој е патот до успехот, но знам кој е патот до неуспехот, а тоа е желбата да им се допаднеме на сите.
- Не постои машка или женска логика, само способност или неспособност мудро да промислиме.
- Ако сакате да го запознаете својот најголем непријател, погледнете во огледало. Кога ќе се соочите со нив, сето друго лесно ќе го победите.
- Постигнатиот успех и сите навреди ќе минат.
- Убаво е да се разговара со пријателите, но корисно е да се разговара и со непријателите.
- Постои само еден причина да ја прекинете врската со некој/ја или да го прекинете работниот однос, а тоа е невозможноста на личниот успех во тие услови.
- Својата радост треба да ја делите и со пријателите и со непријателите. Пријателите ќе се радуваат со вас, а непријателите ќе се вознемират.
- Не бркајте ја среќата и ќе го најдете местото каде што таа престојува. Среќата на тој начин може да ве пронајде вас. Можам да ви кажам едно место на кое таа се наоѓа, а тоа е во вас. Патот до тоа место е развој на вашите способности до максимум.
- Среќата е нуспроизвод на добро организирано дејствување.
- Ако сакаште нешто на некого да му докажувате, тоа значи дека живеете за таа личност. Но, ако живеете за себе, тогаш не морате на никого ништо да му докажувате.
- Фантазијата е гласот на нашата способност. На пример, фантазирам да пеам во опера, а немам ни глас ни слух, тешко дека ќе стигнам во опера. Но, ако фантазирам за нешто што е повеќе во согласност со моите способности, ќе ми се остварат соништата прилично бргу. Добро е кога човек може себеси да си рече „се занимавам само со обидите да ги остварам своите соништа.
- Подобро е да комуницирам со добра книга отколку со празен човек.