Новите податоци открија дека имало повеќе од 24.000 обиди за пристап до порнографската веб-страница во британскиот Парламент во текот на период од четири месеци по одржувањето на изборите.
Вкупно се забележани 24,473 обиди за пристап на веб-страницата со порнографски содржини од компјутери и други уреди споени на мрежата во британскиот Парламент од страна на пратениците, колегите и персоналот во периодот меѓу јуни и октомври 2017 година.
Тоа во просек значи околу 160 обиди за гледање порнографија во еден ден.
Бројките се појавија во јавноста по барањето за слободен пристап на информации од страна на „Press Association“.
Овие податоци дошле откако неодамна изби сексуалниот скандал со Вестминстер, и откако Тереза Меј го обвини својот де факто заменик Дамијан Грин дека ги излажал медиумите за наводите дека полицијата пронашла порнографија на компјутерите во канцелариите во парламентот во 2008 година, наведува британски „Мирор“.
Господин Грин продолжил со неоснованите и тешки обвинувања негирајќи дека тој симнувал или ги прегледувал ваквите содржини.
Податоците кои се објавени во јавноста, откако биле побарани од страна на „Press Association“, прикажуваат голем пораст на посетите на порнографските материјали во Парламентот во септември, кои тогаш изнесувале само 9467.
Но, властите велат дека многу од обидите за гледање вакви содржини биле ненамерни или случајни.
Бројките покажуваат помалку обиди за пристап на порнографските веб-страници од Парламентот во последните неколку години.
Во 2016 година системот на филтрирање блокирал 113.208 обиди, за разлика од 213.020 обиди од претходната година.
Во меѓувреме, пратениците кои се обвинети за сексуално вознемираување би можеле да бидат суспендирани или исфрлени од Парламентот, по разгледувањето на случајот од страна на меѓупартиската група пратеници.