Ако Русија го отрула Скрипал, тој веќе би бил мртов

Претседателот на Русија, Владимир Путин, во петокот минатата недела изразил длабока надеж дека поранешниот соработник на Државната известувачка управа на Русија, Сергеј Скрипал, ќе излезе од болницата жив, здрав и неповреден пренесува qz.

„Фала му на Бога што заздрави и ќе излезе од болница. Се надевам ќе остане жив, здрав и неповреден“, изјавил Путин на конференцијата за новинари по разговорот со германската канцеларка, Ангела Меркел, во Сочи.

„Мислам дека овој човек доколку беше отруен со некаква супстанца од воен отров, како што тврдат британските колеги, тој би починал на лице место. Отровните супстанци се толку јаки што човек може да настрада моментално, или во рок од неколку секунди, евентуално неколку минути“, навел Путин.

Според неговите зборови, Русија во повеќе наврати ѝ ја понудила на Велика Британија целата неопходна помош во истрагата со случајот „Скрипал“ и барала да ѝ се дозволи пристап до истражните материјали, но сепак од Лондон не добила никаков одговор.

Поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија беа отруени во британскиот град Салсбури на почетокот на март.

По тоа односите меѓу Русија и Велика Британија нагло се влошија, поради тоа што Лондон тврди дека за труењето на Скрипал со нервно-парализирачката супстанца А234, е вмешана руската држава.

Москва ваквите обвинувања категорично ги отфрли. Денеска е објавено дека Скрипал пред неколку дена е пуштен од болница.

 

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top