Новинарот на магазинот The American Conservative Род Дрехер открил детали за шпионирањето на Националната безбедносна агенција на САД, NSA. Дрехер објаснува дека иако од оваа агенција велат дека наметнатото собирање податоци е работа од национална безбедност, сепак, на крајот се покажува дека оваа агенција е создадена со поинаква цел.
Дрехер, воден од мемоарите на Сноуден, вели дека оваа агенција има задача да извлече информации од луѓето и да го провери секој дел од електронската комуникација меѓу нив. Потоа трајно го меморира. Дрехер објаснува дека ваквата пракса е противуставна и дека несомнено доведува до тоталитарен режим, кој прво ги собира информациите, а потоа ги користи за злонамерни цели.
Дрехер пишува за истражувањето на Сноуден, кој случајно наишол на висококласифицирани извештаи за програмата STELLARWIND уште во 2009 година. Сноуден открил дека NSA ѝ доставила на американската влада таен извештај, поинаков од официјалната службена верзија.
Дрехер тврди дека NSA креирала лажен извештај пред американските законодавци со цел да ја сокрие вистината за тоа што всушност работи оваа агенција.
„NSA стана еден вид вечна агенција за спроведување на законите. Во кој било момент оваа агенција преку нашите уреди, било да е тоа мобилен или компјутер, може лесно да дојде до информации за кого сака. Секој иден шеф на NSA ќе може лесно да го притисне копчето и веднаш ќе биде следен нечиј телефон или компјутер. Тие ќе знаат каде сме, со кого сме и што правиме и што сме правеле во минатото“, напишал Сноуден во своите мемоари.