Американците не се сигурни во веродостојноста на снимките кои се појавија во јавноста, од севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Ким последен пат беше виден во јавноста, на 1. мај, кога беше на отворањето на фабрика за ѓубриво. Сликите и видеото ги објави Северна Кореја, за да докаже дека нивниот лидер е жив и здрав.
Претходно во јавноста се ширеа шпекулации и извештаи од некои од светските медиуми, дека Ким починал, по направената операција на срцето. Мистеријата продолжува околу тоа дали е тој жив или мртов, пишува српски Курир.
Како што објавуваат некои од американските медиуми, се шпекулира дека, ако диктаторот е жи, тој повторно се наоѓа во својата луксузна вила во крајбрежниот град Вусан, каде е забележан од сателит, како ужива на една од своите луксузни јахти.
Некои од американските официјални претставници, сега се двоумат околу тоа што да изјават во јавноста. Тие сега се приморани да признаат дека Ким е жив, но мора да се одлучат за еден од одговорите.
Или Ким бил на отворањето на фабриката за ѓубриво, со што би се негирале самите себе си, дека на фотографиите се наоѓа негов двојник, или пак да соопштат дека деспотот во тоа време се наоѓал во својата луксузна вила во Вусан, каде бил снимен од сателит.
Американците се правдаат дека не можат да добијат веродостојни информации, затоа што Северна Кореја е позната како затоврена држава, која делува под екстремна изолација и приватност и малку се знае за тоа што се случува внатре во државата.
Советникот за безбедност на Белата Куќа, Роберт Обрајан, за „Блумберг“ изјавил дека Ким веројатно се појавил во јавноста и дека тој ја пресекол лентата на отворањето на фабриката за ѓубриво.
„Немаме премногу информации за Ким, но Северна Кореја објави фотографии дека е жив и здрав, па претпоставуваме дека е“, изјавил тој.
Ким наводно првпат се појави на 1. мај, по 20 дена изолација, соопштија државните севернокорејски медиуми. KCNA, државната новинска агенција на Северна Кореја, изјавила дека Ким присуствувал на отворањето на фабриката за ѓубриво, во регионот, северно од главниот град на Пјонгјанг.