Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун многу ретко се појавуваше во јавноста во минатите два месеци, а во последните три недели државните медиуми воопшто не известувале за неговото присуство на јавни настани, укажуваат аналитичарите.
Ова невообичаено отсуство од јавниот живот на севернокорејскиот претседател почна непосредно по воведувањето на вонредни мерки заради пандемијата на коронавирусот, иако Пјонгјанг тврди дека во Северна Кореја нема заболени од Ковид-19.
– Ова не е нормална состојба, оцени Чад Окерол, шефот на организација која ја набљудува ситуацијата во Северна Кореја.
Јужнокорејските медиуми пишуваат дека претпазливоста заради коронавирусот е една од веројатните причини за ограниченото појавување на Ким во јавноста.