Бафет: „Доаѓа нова пандемија, каква што не сме виделе досега”

Американскиот милијардер и инвестициски гуру, Ворен Бафет, во интервју за „Си-ен-ен“ рече дека светот треба да се подготви за нова пандемија каква што досега не сме виделе.

Тој рече дека новата пандемија може да биде и полоша од онаа со коронавирусот. Убеден е дека светот сега не е подготвен успешно да се справи со истата. Тој рече дека е загрижен за економските последици кои што ги предизвика ковид 19, кој најмногу ги погоди малите компании.

„Милиони мали бизниси беа страшно погодени“, рече тој.

Бафет објасни дека некои од компаниите, пособено поголемите ја искористиле кризата за да остварат огромни профити и дека на некои компании им оди прилично добро. Тој рече дека економското влијание е многу нерамномерно.

„Во март минатата година, пандемијата затвори многу врати во економијата. Илјадници мали бизниси беа принудени да ги затворат вратите. Во меѓувреме, трговците и големите онлајн продавници ги презедоа своите клиенти. 2020 година донесе најголем пад на американскиот БДП од 1946 година“, рече Бафет.

Тој главно е загрижен за непредвидливоста која ја носи иднината, но, иако ситуацијата, особено на почетокот на пандемијата, беше многу неизвесна, за повеќето луѓе и компании се покажа подобро отколку што првично се очекуваше.

Добар пример е автомобилската индустрија, која има рекордни профити. Чарли Манџер, потпретседател на Беркшир Хатавеј и долгогодишен деловен партнер на Бафет, рече дека автомобилскиот сектор создаде успех што немаше да го постигне без пандемијата. Поради затворањето на фабриките и како последица на тоа глобалниот недостиг на полупроводници, производителите на автомобили и дилерите остварија рекорден профит при повторното отворање, бидејќи продаваа автомобили дури и пред да дојдат до продавниците.

Славниот милијардер во едно интервју призна дека и самиот доживеал моменти на финансиска несигурност затоа што не знаел што ќе се случи со авиокомпаниите во сопственост на железницата BNSF Railway и NetJet

Тој рече дека најголемата лекција што ја научил од оваа павидемија е колку е слабо подготвен светот за итни случаи. Бафет е убеден дека следната, нова пандемија веќе доаѓа, но – како што изјави за CNBC – компанијата не е подготвена да се справи со неа.

„Сите знаеме дека постои нуклеарна, хемиска, биолошка и сајбер закана и дека општеството сè уште не е подготвено да се справи со тоа“, рече Бафет. Следува пандемија каква што сеуште не сме виделе досега, заклучува тој.

Scroll to Top