Новата евровизиска кралица, Нета Барзилај, ги запали социјалните мрежи со својот победнички говор повикувајќи ги гледачите в година да дојдат во Ерусалим, пренесува „Раша тудеј“.
Нета ги повика сите да дојдат во окупираниот Ерусалим, а не во меѓународно признатиот израелски град Тел Авив.
Барзилај, која беше главна кандидатка за победата на натпреварувањето, го освои првото место со својата песна „Toy“. Песната е со текст во кој се посочува и зајакнува феминизмот.
Но, освен чудната музика, твитер-корисниците беа изненадени од исклучителната поларизирана изјава што таа ја даде на бината кога беше прогласена за победничка.
„Ви благодарам што ја избравте различноста, ви благодарам што ги прифативте разликите меѓу нас, ја сакам мојата земја, следниот пат се гледаме во Ерусалим!“, изјавила пејачката.
Некои од корисниците бргу нагласиле дека Нета Барзилај ја испратила пораката за прифаќање и разноликост, така што својата изјава ја завршила во согласност со израелската пропаганда.
„Како Евровизија може да ги прослави разноликоста и инклузијата на Израел кога Палестинците ги стрела во глава? Евровизија стана многу грозна“, напишал еден корисник на „Твитер“.
Голем дел од коментарите што ги напишале фановите на Евровизија потсетуваат на времето во кое Нета Барзилај служела војска во израелската морнарица, период кога воениот рок бил задолжителен. Во голем дел од коментарите пишува и за тоа дека Тел Авив службено е признат како главен град на Израел, а изворниот план на Обединетите нации за Палестина предвидувал градот Ерусалим да биде ставен под меѓународно управување.
Еден корисник во својот коментар дури и предложил Нета Барзилај да биде дисквалификувана поради кршење на правилата на натпреварувањето, со тоа што промовира политички пораки.
Додека контролата на Израел над територијата на западен Ерусалим, место што главно е населено со Евреи, има тивка согласност од меѓународната заедница, нејзините тврдења за источен Ерусалим, каде што мнозинството се Палестинци, се соочува со силни критики. Израел сепак го смета Ерусалим за свој.
Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за преселување на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим предизвика конфликт во валканиот израелско-палестински конфликт во кој десетици Палестинци загинаа, а стотина се повредени во бранот на неодамнешните протести.
Израелските активисти кои се собираат зад движењето БДС против окупацијата на палестинската територија и угнетувањето на Палестинците од страна на Израел разговарале со Нета Барзилај уште пред таа да ги повика гледачите во Ерусалим.
Фејсбук-активистите тврделе дека Нете Барзилај како дел од израелската воена морнарица им пеела на војниците кои подоцна биле вклучени во операцијата Protective Edge во Газа, операција што траела седум недели и која резултирала со убивање повеќе од 2.000 граѓани на Газа и оставила повеќе од 10.000 ранети во периодот во јули и август 2014 година.
Netta made it clear her music is for Israel’s propaganda. And she declared 2019 to be in Jerusalem. How can @Eurovision celebrate diversity and inclusion when steps away Palestinians are getting shot in the head? #Eurovision is about to get very ugly.
— SR (@shartzie) 12 May 2018
„Израелскиот влез на Евровизија со песната ‘Тoy’, која се однесува на зајакнување на жените и социјалната правда, не занимавајќи се со масакрите на израелската морнарица во Газа, не настојува да ги зајакне правата на жените во затворот во Газа“, напишале активистите повикувајќи се на неосвоените бодови за време на гласањето за израелското натпреварување.
Surely Israeli winner, Netta, should know Tel Aviv is capital of Israel- not Jerusalem- and her a former member of Israeli Navy #eurovision
— Joe Costello (@JoeCostelloIE) 12 May 2018
Но, како што се покажало, нејзиниот подоцнежен успех со блескавата изведба резултирал со поголемо медиумско влијание од палестинското прашање.
Israel didn’t deserve that win. The song was a crap pop-culture-reference-fest, the singer appropriated multiple cultures, and btw, Netta, Jerusalem is Palestinian territory, gtfo.
— David Mor (@WildSparrowYT) 12 May 2018